4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

Автор: Вера Мартиноска

Без разлика дали сте родиле пред 6 месеци или пред 16 години, или сте маж кој се бори со „пивски стомак“, или пак имате 16 години и сакате да сте витки, еве 4 начини да го намалите апетитот, да се ослободите од вишокот телесна маса и да не го вратите до крајот на животот.

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

1. Спијте повеќе

Не потценувајте ја важноста на сонот кога е во прашање вашата линија. Истражувачите откриле дека недостаток од сон предизвикува зголемен апетит. А важи и обратното: добивањето повеќе сон го контролира апетитот.

Освен тоа, посклони сме кон стрес и лошо расположение кога сме ненаспани, што може да доведе до неконтролирана желба за храна. Спиењето повеќе ни ја дава потребната енергија достоинствено да се справиме со предизвиците и да не посегнеме по ќесичката со чипс кога денот нема да ни се одвива како што сме планирале.

Гречен Рубин од Проектот за среќа (The Happiness Project) пишува:

„Многу истражувачи тврдат дека немањето доволно сон има разни последици врз здравјето, како што се зголемувањето на ризикот од рак, срцева болест, дијабетес, дури и прекумерна тежина, но освен тоа, има и силен ефект врз среќата и нивото на енергија.“

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

2. Јадете помалку комплексни јаглехидрати, а повеќе протеини

Дали знаевте дека јаглехидратите го зголемуваат вашиот апетит? Од  друга страна, протеините предизвикуваат намалување на апетитот што може да резултира со помалку внесена храна при секој оброк. Со намалување на комплексните јаглехидрати и јадењето повеќе протеини, ќе го намалите апетитот.

Избегнувајте или значајното намалете го консумирањето леб, тестенини, ориз и компири. Зголемете го внесувањето на протеини преку рибата, пилешкото, јајцата, јагнешкото и говедското месо. Зеленчукот и мешунките како гравот и леќата не го поттикнуваат апетитот како комплексните јаглехидрати, а освен тоа, тие се извор на енергија која бавно согорува што ви дава сила преку целиот ден.

Едноставен начин да започнете: тргнете ги комплексните јаглехидрати од чинијата и на нивно место додадете зеленчук. Потоа, обидете се да додавате по еден здрав рецепт неделно во вашите оброци. По неколку недели успешни здрави рецепти, ќе бидете на пат кон вашето преработено мени.

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

3. Испланирајте вежби во текот на денот

Добра вест – вежбањето го намалува апетитот. Исто така, ја покачува енергијата и метаболизмот и помага да добиете повеќе квалитетен сон. Интервал од дваесетина минути интензивен тренинг на лента за трчање или на степер ја одржува енергијата на високо ниво, а ја симнува желбата за храна.

Освен ако не пешачите или користите велосипед за превоз, редовното вежбање нема туку така да се појави без одредена намера од ваша страна. Испланирајте како да го раздвижите вашето тело секојдневно.

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

4. Намалете го стресот

Истражувачите откриле дека жените јадат повеќе, а особено слатки кога се под стрес.

Научете како да останете смирени, да го намалите нивото на стрес и да внимавате на апетитот.  Постојат совети што може да ги следите за да останете мирни и среќни дури и за време на најстресните моменти.

Може да примените едноставна вежба за медитација. Со учењето како да го „гледате“ вашиот ум од далечина и да го проучувате начинот на кој тој функционира, ќе бидете повеќе подготвени да завладеете со ситуацијата кога ќе згусне. Вежбајте да ја испразните главата и да ги гледате мислите како пловат наоколу без да бидат емотивно поврзани со содржината. Кога ќе видите мисла или чувство како надоаѓа, само ставете му етикета: мисла, чувство или телесна сензација. Наскоро ќе бидете „зен“ како јоги.

4 научно докажани начини да го намалите апетитот и да ослабете

Вметнете во вашиот ден  некои навики за намалување на стресот, како читање пред легнување, опуштање пред телевизорот со вашата омилена серија или секојдневна релаксација во кадата. Само, осигурајте се да си легнете навреме!

Одете бавно или брзо, ваш избор

Не мора да почнете да ги практикувате  сите овие совети одеднаш ако тоа ви е премногу. Може да започнете со кој било од советиве што ви е најлесен, нека ви стане навика, па потоа преминете на следниот кога ќе бидете подготвени. Ви препорачуваме да започнете со спиењето, затоа што ако бидете добро одморени, полесно ќе можете да ги примените и останатите совети.

Ако пак сакате, направете ремонт на вашиот живот и преземете повеќе од еден метод во исто време. Одберете го темпото кое ви одговара и уживајте во резултатите!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ayala Reply

    Fala sto mi kazavte, mnogu mi smenivte vo zivotot. Ovie raboti gi nemav slusnato od…vcera!

  2. Anna Reply

    Vo vrska so kompleksnite jaglehidrati ste greska. Jaglehidrati se potrebni za energija, teloto koristni energija od jaglehidrati na prvo mesto. Dokolku im kazete na citatelite da jadat samo proteini (na prvo mesto proteini od zivotinsko poteklo sodrzat dosta saturated fats) i plus im kazete da vezbaat sekoj den tie nema da imaat energija. Mozda treba da se educirate malku poveke vo vrska so sto tocno e rabota na jaglehidrati, proteini, i masti vo teloto pred da napisete vakva statija.

Напиши одговор на Anna Откажи одговор