4 начини за да се чувствувате добро на работното место кога вашиот приватен живот е хаос

4 начини за да се чувствувате добро на работното место кога вашиот приватен живот е хаос

Без разлика колку ви е важен приватниот живот, понекогаш едноставно посакувате да го нема. Тогаш кога проблемите, обврските и стресот ќе ве притиснат од сите страни подобро би се покриле преку глава и би го прележале целиот ден, но сепак, животот има поразлични планови.

2-4-nachini-za-da-se-chuvstvuvate-podobro-na-rabotnoto-mesto-koga-vashiot-privaten-zhivot-e-vo-haos-www.kafepauza.mk_

На пример, сигурно не сте заборавиле дека треба да одите на работа и дека нема ниту најмали шанси да добиете слободен ден? Можеби добивате мачнина кога треба да одите на работа, да работите и да се однесувате како сѐ да е во најдобар ред, додека вашиот приватен живот се распаѓа, но во овие ситуации помагаат некои мали трикови со кои сепак ќе успеете да станете, да се насмеете и да помините уште еден нов работен ден. Можеби работата е вашето бегство кое ви е потребно за да заборавите на сѐ.

1. Проширете го вашиот работен круг

Однатре се распаѓате, но однадвор мора да блескате. Тоа не е тешко, доколку вашата работа ја набљудувате како бегство од реалноста. Едноставно, фокусирајте се на нешто весело и позитивно, како што е разговарањето со вашите соработници. Освен тоа, проширете го кругот на блиски соработници со кои можете да отидете на кафе или да ја поминете паузата за ручек разговарајќи за сосема други работи. Ќе забележите дека е многу поубаво кога ќе запознаете некој нов пријател!

2. Искористете ги антистрес терапиите на работното место

Добро, ова го нема во секоја фирма, но доколку имате можност во текот на работата да посетите теретана, да започнете со часови по јога или која било активност што може да ве опушти, тогаш искористете ја приликата. Искористи го она што ви го овозможува канцеларијата, па дури и тоа да е едноставно пиење кафе на тераса. Исто така, секогаш на вашето работно биро нека се наоѓаат добро кафе и вкусен десерт, бидејќи тоа е инстант решение за сите проблеми.

1-4-nachini-za-da-se-chuvstvuvate-podobro-na-rabotnoto-mesto-koga-vashiot-privaten-zhivot-e-vo-haos-www.kafepauza.mk_

3. Фокусирајте се на нешто друго

Искористете ја приликата на работното место за да започнете со некој нов проект, да смислите некоја нова идеја или едноставно да пронајдете активност која дополнително ќе ве инспирира за да ги тргнете мислите од приватниот хаос. Верувајте ни дека работата најмногу помага во овие ситуации.

4. Вклучете се

Во сѐ! Во сите активности во и надвор од работата, како на пример, хобија, клубови, кафулиња… Во сето она во кое ќе здогледате прилика за да се зближите со колегите, да водите весели разговори, да јадете, да пиете нешто, да се дружите и да одмарате од работата. Тоа ќе ве опушти, ќе уживате, но и ќе забележите дека ништо повеќе не ве оптоварува. Кој би помислил дека работата може да биде таква терапија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар