4 начини на кои можете да го поттикнете растот на вашата коса

4 начини на кои можете да го поттикнете растот на вашата коса

Без разлика дали губењето на вашата коса е предизвикано од медицинска состојба, генетика или едноставно запоставување, вие секогаш можете да го подобрите нејзиниот раст и да имате побујна коса одошто некогаш сте замислувале. Сè што треба да направите е да ги следите овие неколку чекори…

4 начини на кои можете да го поттикнете растот на вашата коса

1. Подобрете го здравјето

Иако овој совет изгледа многу очигледен, сепак повеќето луѓе имаат тенденција да го игнорираат. Понекогаш доволно е само да ја промените вашата исхрана, да пиете повеќе вода и повеќе да спиете со цел да го забрзате растот на вашата коса. Протокот нови витамини и минерали ќе ѝ овозможи основа за да се поправи самата. Зголеменото внесување вода ќе ја одржува хидрирана.

Исто така не заборавајте дека вашата коса расте побрзо кога спиете, па ако останувате будни цела ноќ, обземени од вашите грижи, вие сè повеќе коса ќе почнете да губите. Луѓето генерално избегнуваат промени, но ако сте сериозни за подобрување на здравјето на вашата коса и сакате таа побрзо да порасне, тогаш овие мали промени во секојдневната рутина можат многу да ви помогнат.

2. Масирајте ја вашата глава

Колку чудно и да ви звучи, доволно е да ја масирате вашата глава само 10-тина минути на ден со цел да им ја овозможите потребната стимулација на фоликулите на косата да го забрзаат производството на нови клетки. Процесот е многу едноставен.

Земете го вашето омилено масло за грижа на кожа (се препорачува кокосово) и нанесете мала количина на врвот од вашите прсти. Потоа нежно масирајте го скалпот со кружни движења, притискајќи онолку притисок колку што ви е пријатен. Притисокот од вашите прсти ќе го зголеми протокот на крвта во вашиот скалп и ќе помогне да се отстранат сите токсини кои се собрале во таа област.

3. Медитирајте за понизок стрес

Сите ние ги знаеме несаканите последици од претераната изложеност на стресот, но малкумина од нас преземаат нешто за вистински да го намалат. Не само што медитацијата ви помага да го намалите нивото на стрес хормонот кортизол во вашето тело, туку исто така ќе имате и подобра циркулација, благодарение на вниманието кое треба да се посвети на дишењето.

Исклучете ги сите електронски направи, наместете се удобно и дозволете си целосно да се опуштите. Земајте длабоко воздух и замислете како стресот и токсините се исфрлаат од вашето тело низ издишувањето. Доволни се само 10 минути медитирање на ден за да направите огромна разлика во нивото на стрес и општото здравје.

4. Обидете се со овој домашен рецепт

Станува збор за природен шампон за поттикнување на растот на косата кој е многу едноставен за подготовка, а се состои од само 2 состојки: алое вера и кокосово масло. Едноставно измешајте 25 милилитри алое вера со 25 милилитри кокосово масло и нанесете ја мешавината на вашата глава. Оставете да делува 1 час, но претходно погрижете се таа да го прекрива целиот скалп.

Чистата алое вера има многу придобивки, но тешко е да се најде. Токму затоа ќе мора да се обидете со онаа која може да се најде во продавниците. Откако ќе помине часот, едноставно измијте ја вашата коса со млака вода и благ шампон. Повторувајте го процесот неколку пати неделно и веднаш ќе забележите неверојатна разлика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар