4 митови за менопаузата во кои не треба да верувате

Кога ќе се спомене зборот „менопауза“, првото нешто што ни доаѓа на памет се топлите бранови и престанокот на месечниот циклус. Но, постојат уште многу други важни работи што се поврзани со оваа нормална појава и затоа од големо значење е да правите разлика помеѓу фактите и фикцијата. Прочитајте ги најчестите митови за менопаузата…

4 митови за менопаузата во кои не треба да верувате

1. Менопаузата почнува околу 50-тата година

Кај просечните жени, менопаузата започнува кога ќе наполнат 51 година, но тоа не важи за сите. Менопаузата може да започне кога било, од доцните 30-ти години до раните 60-ти. Се смета дека официјално сте влегле во менопауза тогаш кога нема да добиете менструација цела година. Ако поминат 10 или 11 месеци без да добиете менструација и потоа добиете, сѐ уште не сте влегле во менопауза и треба одново да почнете со броењето. Имајте на ум дека дури и да забележувате некои симптоми, менопаузата може да започне дури по неколку години.

2. Топлите бранови се првиот знак на менопауза

Ова не е секогаш вистина. Иако топлите бранови и менопаузата до некаде се сметаат за синоними, постојат многу други симптоми што може да ги доживеете пред нив. Дел од останатите симптоми се измореност, дебелеење, нервоза и акни. Не чекајте да ви се појават топли бранови за да разговарате со доктор. Обрнете внимание и на другите можни симптоми.

3. Доколку доцна сте ја добиле првата менструација, доцна ќе ви започне и менопаузата

За жал, токму спротивното важи за жените кои доцна ја добиле првата менструација. Доколку сте почнале да добивате менструација подоцна од вообичаеното, можно е порано да влезете во менопауза. Тешко е да се предвиди возраста на која ќе започне менопаузата, но постојат одредени знаци што можат да ви помогнат да дознаете. Возраста на која вашата мајка влегла во менопауза е најдобриот показател и за почетокот на вашата менопауза. Пушењето може да ја подрани менопаузата, додека пиењето алкохол и бројот на забременувања придонесуваат за подоцно започнување на менопаузата.

4. Менопаузата го уништува сексуалниот живот

Ова е една голема лага! Жените можат да имаат здрав и активен сексуален живот и за време и по менопаузата. Според некои истражувања, менопаузата не игра голема улога кога станува збор за сексуалните проблеми. Поважен фактор ќе ви помогне да го одредите квалитетот на сексуалниот живот е одговорот на прашањето дали сте се соочувале со овие проблеми и пред менопаузата. Доколку одговоривте потврдно, најверојатно проблемите ќе продолжат и понатаму. Во секој случај, сексуалниот живот дефинитивно нема да ви замре кога ќе влезете во менопауза.

Доколку веќе се соочувате со оваа појава, прочитајте како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар