4 кратки и лесни совети за чистење на вашиот несесер во лето

4 кратки и лесни совети за чистење на вашиот несесер во лето

Несесерот како и женската чанта е преполн со непотребни работи или производи на кои им поминал рокот. Исто така, иако звучи чудно, но дали знаете дека голем број од состојките кои се корисни во зима можат да станат многу проблематични во лето? Па затоа, време е да се ослободите од непотребните производи и да направите место за нови! Еве како да го направите тоа.

0-4-kratki-i-lesni-soveti-kako-da-go-ischistite-vashiot-neseser-vo-leto-kafepauza.mk

1. Фрлете ги сите производи кои содржат алфа хидроксилна киселина, ретиноинска киселина или екстракти од цитрусни овошја. Овие продукти можеби ја подмладуваат оштетената кожа во зима, но во лето нивната корисност се става под знак прашалник.

2. Никако не користете креми за сончање постари од 6 месеци. Тие можат да акумулираат отровни метаболити наречени нитросамини кои предизвикуваат стрес и стареење на кожата.

3. Заменете ги грубите тонери со освежувачки лосиони и води. Тонерите имаат моќ да ѝ ги одземат есенцијалните маснотии на кожата и да ги променат нејзините природни заштитни и лековити својства. За време на летото особено мора да внимаваме затоа што без разлика на зголеменоста на влажноста во воздухот, кожата брзо се суши и потребна ѝ e постојана хидратација.

Колку е похидрирана кожата – толку е подобро заштитена од надворешните влијанија и ултравиолетовите зраци. Затоа за да ја зачувате, заштитите и зајакнете кожата, заменете го тонерот со понежна алтернатива.

4. Внимавајте на течните пудри. Течните пудри содржат хемикалии кои се најзагрижувачки, а во нив спаѓаат: PEG (полиетилен гликол), PPG (полипропилен гликол), ретинил ацетат, алуминиа (алуминиум оксид), парабен и пропилен гликол. Освен тоа што се идентификувани како канцерогени тие создаваат проблеми со ендокриниот систем, нивната акумулација во телото исто така се поврзува со мозокот, нервниот, репродуктивниот и имунолошкиот систем.

Избегнувањето на пудри кои ги содржат овие состојки е одлична идеја во текот на целата година, но во лето треба многу повеќе да внимаваме затоа што летните услови значат и поголемо апсорбирање во кожата – што значи дека е од есенцијална важност да внимаваме што редиме на нашето лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар