4 индикатори кои покажуваат дека имате многу токсини во вашето тело

4 индикатори кои покажуваат дека имате многу токсини во вашето тело

Балансот е темел на сите нивоа на нашето здравје. Телото е како симфониски оркестар кој свири хармонична симфонија – сè се базира на рамнотежата, но секојдневните предизвикувачи како токсините, несоодветната исхрана, недоволното спиење и омразата кон работата ни стојат на патот до посакуваната рамнотежа. Наместо да имаме баланс, овие работи ни прават токсичен вруток.

4-indikatori-koi-pokazhuvaat-deka-imate-mnogu-toksini-vo-vasheto-telo-kafepauza.mk

Важно е да се поврземе со нашето тело со цел да бидеме во можност да ги „слушнеме“ неговите знаци, па затоа ви претставуваме 4 показатели дека во вашето тело има многу отрови.

1. Секогаш сте полни

Буквално сте полни затоа што телото треба да го исфрли отпадот секој ден. Тоа го вклучува празнењето на цревата барем еднаш дневно. Ако тоа не се случи, тогаш токсините се враќаат во крвотокот и можат да предизвикаат хаос.

Совет: Ако имате проблеми со запек, обидете се да пиете што повеќе вода, да вежбате, да внесувате квалитетен пробиотик или чај од лист од сена.

2. Лош здив

Лошиот здив не само што ви пречи кога сте во друштво, туку тој ви покажува и дека сте полни со токсини. Тоа настанува поради бактерии во устата кои отпуштаат „мирисни“ биопродукти. Исто така навестуваат дека црниот дроб и цревата имаат проблем со елиминирањето на отровите.

Совет: Можете да почнете со користење на чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите кои се наоѓаат по вашиот јазик. Исто така можете да се обидете со конзумирање на свежи миризливи билки како магдонос и коријандер кои се фантастични за детоксикација на црниот дроб.

3. Ви сметаат мириси

Ако имате силни реакции на мириси како што се парфемите или чадот, тоа може да ви покажува дека имате токсини во вашето тело. Преосетливоста на надворешните мириси често значи дека црниот дроб има проблеми со елиминирање на различни токсини од телото. Кога патиштата за детоксикација се затворени, телото станува осетливо, а сетилата изострени и тоа може да предизвика реакции како главоболка и мачнини.

Совет: Помогнете му на својот црн дроб користејќи миризливи билки како што се коренот од глуварче и млечниот трн кои можете да ги консумирате во облик на чај. Исто така може да практикувате детоксикација користејќи рицинусово масло. На овој начин можете да ги ублажите незгодните симптоми на премногу брзата детоксикација.

4. Вишокот килограми едноставно не се топи

Постојат многу причини кои претставуваат препрека за губењето на тежината. Тоа можат да бидат „полудените“ хормони, неправилната исхрана, но веќе претпоставувате, и токсините. Токсините како диоксин, ПЦБ и многу пестициди се липофилни, што значи дека ги хранат масните клетки во нашето тело. Невозможно е да се изгубат килограмите, кога телото е преокупирано со вакви токсини.

Совет: Клучно е да се погрижите вашето тело да ги исфрла токсините на правилен начин. Тоа значи да ја подобрите природната способност на телото да го прави тоа и да пронајдете рамнотежа. Некој начин на чистење или детоксикација може да биде од помош, но намалената изложеност на токсини е многу важна. Избирајте чиста, органска храна секогаш кога можете и погрижете се секој ден добро да се испотите, да извршите голема нужда, да се хидрирате и квалитетно да дишете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар