4 грешки кои сигурно и вие ги правите со кокосовото масло

4 грешки кои сигурно и вие ги правите со кокосовото масло

Природно е, не бара големо планирање на буџетот, косата ја прави сјајна, а кожата кадифена и негувана. Целиот свет полуде по кокосовото масло заради чудотворните моќи кога станува збор за убавината. Сепак, многумина забораваат дека кокосовото масло не е решение за сите типови кожа, ниту пак за сите примени. Ви откриваме 4 работи, односно 4 примени на кокосовото масло кои треба да ги избегнувате.

1-vednash-prestanete-4-greshki-koi-gi-pravite-so-kokosovoto-maslo-www.kafepauza.mk_

1. Го нанесувате право на лицето

Ако вашата кожа е мрсна и склона кон произведување себум, немојте да користите кокосово масло. Тоа може да ги зачепи порите, односно да предизвика митесери и мозолчиња. Исклучок се личностите со изразено сува кожа, која брзо и едноставно го апсорбира маслото.

2. Ја отстранувате шминката без миење на маслото

Користите кокосово масло за чистење на шминката? Мала количина нанесувате на тупфер со кој потоа го чистите лицето? Сето тоа е во ред сè додека не направите катастрофална грешка, односно не го измиете остатокот од маслото од лицето. Остатокот на масло во комбинација со ситни остатоци од шминка ќе ги зачепи вашите пори, а кожата нема да може да дише.

3. Купувате погрешен производ

Единствено природното ладно цедено кокосово масло има добри масни киселини кои ги сакаме. Добро прочитајте ја етикетата на амбалажата. Вистинското масло е течно на топла температура, додека на постудено се претвора во белкава паста.

4. Користите кокосово масло како маска за коса

Сите ние барем еднаш сме го испробале ова. Ако имате изразено мрсна и тврдоглава коса, слободно продолжете, но сите личности со фина и нежна коса би требало да го избегнуваат кокосовото масло. Проблемот се создава при миењето на истото, каде што е потребна исклучително поголема количина шампон за коса за маслото да се измие, а со самото тоа се создава спротивен ефект.

Кокосовото масло има разновидна употреба, од козметичка, па сѐ до приготвување на храна. Погледнете кои 100 примени и придобивки од кокосовото масло.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар