4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

Некои бои навистина можат да го нагласат најдоброто кај секоја жена, без разлика на нивниот тен или бојата на коса. Боите кои се наоѓаат на средина на спектарот, односно оние кои не се ниту претопли ниту преладни, им прилегаат на сите жени.

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

„Вистинска“ црвена

Во овој случај навистина важи онаа фамозна изјава на дизајнерот Бил Блас:

„Кога сте во дилема, облечете црвено.“

Не само што црвената боја го запира целиот сообраќај, туку на секоја жена што ја носи ѝ дава предност.

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

Тиркизна

Боите на спротивните страни на спектарот се зајакнуваат една со друга, па затоа и не е чудно што јагодите спакувани во зелена кутија изгледаат толку привлечно. Истото важи и за сино-зелената боја или позната како тиркизна, која совршено прилега со спротивната розова, давајќи ѝ здрав изглед на кожата. Одлично се комбинира со црна, кафена и останатите неутрални бои.

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

Валкано розова

Оваа боја делува префинето. На спектарот се наоѓа помеѓу светло розовата и бојата на праска. Ја нагласува природната свежина на лицето, па секој што ја носи остава впечаток дека блеска. Козметичарите препорачуваат со ваквата боја да се користи и слична нијанса на кармин.

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените

Боја на модар патлиџан

Ова е совршена темно виолетова боја, бидејќи е лесно прилагодлива, скоро како црната, темно кафената или морнарско сината.

4 бои кои го подигнуваат сексапилот кај жените


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар