35 знаци дека спиете со вашата сродна душа

Сексот за една вечер постоел отсекогаш. Но, тој сепак е најинтимното нешто помеѓу двајца, па од овде потекнува прашањето: Како може да водите љубов ако не сте вљубени? Љубовта го прави секој допир посебен, а секој бакнеж поинтензивен. Во продолжение погледнете ги 35-те знаци кои покажуваат дека веќе сте ја пронашле другата половина од вашата душа.

35-znaci-deka-spiete-so-vashata-srodna-dusha-kafepauza.mk

1. Страсното „Те сакам“ за време на сексот не важи само тогаш. Го мислите тоа дури и кога ќе завршите.

2. Креветот е поделен. Си се свртувате на својата страна кога ќе завршите.

3. Дури и најмалите работи, како насмевка или превртување на очите ве привлекуваат.

4. Се чувствувате удобно дури и без облека.

5. Наместо да гледате во вашите тела, се гледате во очи додека водите љубов. Постои некаква доверба помеѓу вас.

6. Малите грижи како вашиот мирис или некои други несовршености не ве засегаат кога сте заедно.

7. Сексот може да биде груб, но и нежен.

8. Тие можат да ја препознаат вашата желба за секс со само еден поглед.

9. Кога има непријатни моменти за време на сексот, вие едноставно се насмевнувате наместо да ви биде непријатно. Тоа немаат никакво влијание на вашиот однос.

10. Не ви е проблем и да бидете одбиени бидејќи знаете дека се привлекувате.

11. Интимноста после сексот, како гушкањето е исто толку добра, ако не и подобра.

12. Нивното голо тело е најубавото нешто за вас.

13. Повеќе не ве интересираат филмовите за возрасни. Доволно е да помислите на нив.

14. Нема потреба да им кажувате што сакате. Веќе добро се познавате.

15. Сексот не ви е обврска. Нема потреба од вербална иницијатива, а ова значи дека и менталната врска е силна.

16. Веќе имате и ваша песна.

17. Сексот го нарекувате водење љубов и не користите други синоними.

18. Сексот за време на менструалниот циклус не е ништо ново за вас. Ова важи и за други работи кои сте мислеле дека ќе ви бидат непријатни.

19. Сте направиле барем една заедничка фотографија.

20. Секоја просторија во куќата била сведок на вашата интимност.

21. Кога сте заедно на некој јавен настан, со поглед си кажувате дека е време да си заминете.

22. Ако се чувствувате неудобно, тие ќе ве прашаат. Ќе ве прашаат затоа што им е грижа.

23. Ако ги замолите да престанат, ќе го направат тоа без двоумење.

24. Ќе се грижат и за вашето здравје.

25. Оралниот секс не е нешто за коешто треба да молите.

26. Не ви е грижа дали се исклучени светлата. Веќе сте виделе сè.

27. Уживате во бакнежите.

28. Вие сте единствената личност во нивните мисли. Вие сте лицето во нивните фантазии.

29. Се пронаоѓате во филмските љубовни сцени.

30. Бидејќи вашата ментална поврзаност е силна, знаете дека нема да им ги повредите чувствата ако им кажете дека нешто не ви се допаѓа. Удобно ви е со она што го имате.

31. Веќе ништо не е засрамувачко. Можете слободно да им кажете што сакате.

32. Уживате не само во вашиот, туку и во нивниот оргазам.

33. Не можете да си замислите да спиете со некој друг.

34. И покрај тоа што често се гледате, сепак ви се разубавува денот кога ќе се видите. Тие се најубавото нешто што сте го виделе.

35. Веќе не е само сексот во прашање, а тоа го чувствувате некој период. Вие сте дел од меѓусебното постоење.

Платон напишал дека секое човечко суштество било создадено како андрогено – со машка и женска половина. Но, луѓето го направиле Зевс гневен, па тој ги поделил за да лутаат сами. Оттогаш целта на секој човек е да го пронајде својот изгубен дел, неговата/нејзината сродна душа. Ако се пронајдовте во овие знаци, немојте да ја напуштате таа личност, таа е вашиот изгубен дел.

Погледнете и кои се клучните разлики помеѓу сексот од љубов и сексот од страст.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар