31 одлично прашање што можете да ѝ го поставите на девојката која долго време сакате подобро да ја запознаете

Да бидеме искрени, без разлика дали сте маж што ја бара девојката од соништата, или жена што ја бара новата најдобра пријателка, има многу работи кои дамите не ги откриваат веднаш. Многу работи за нив треба време да се откријат и на крајот расположението се сведува на „Па кој има време да открие дали си луда или совршена за мене?!“ Дури и кога станува збор за создавање нови пријателства, ние секогаш го кажуваме најдоброто за нас и понекогаш оние работи кои некои луѓе не ги сакаат кај нас, за другите може да биде причина за зближување.

(1)31-odlichno-prashanje-koe-mozhete-da-i-go-postavete-na-devojkata-koja-dolgo-vreme-sakate-da-ja-zapoznaete-kafepauza.mk

Без разлика какви одговори ќе добиете на следниве прашања и без разлика дали ќе ви се допаднат, она што е важно е дека вие ќе знаете доволно за неа пред да одлучите дали таа е вистинската личност за вас.

1. Во која декада чувствуваш дека најмногу припаѓаш?

2. Кажи ми една работа која ти се случила и која те направила посилна личност.

3. Која работа што ти се случила направила да се чувствуваш слаба?

4. Ако можеш да смениш едно нешто кај тебе, што би било тоа?

5. Постои ли место каде што најмногу се чувствуваш како себе?

6. Кое е твоето омилено место за „бегање“ од сè?

7. Кога си била мала, што си мислела дека ќе бидеш кога ќе пораснеш?

8. Кој имал најголемо влијание за да станеш тоа што си денес?

9. Ако се пронаоѓаш во некој измислен лик (од книга, серија, филм и слично) кој лик би бил тој?

10. Која е личноста што те познава најдобро?

(2)31-odlichno-prashanje-koe-mozhete-da-i-go-postavete-na-devojkata-koja-dolgo-vreme-sakate-da-ja-zapoznaete-kafepauza.mk

11. Што значи ранливоста за тебе и што те прави ранлива?

12. Дали веруваш во сродна душа?

13. Дали веруваш во љубов на прв поглед?

14. Дали некогаш си била вљубена, и колку пати?

15. Што те тера да се вљубиш во некого?

16. Која ти е омилената физичка карактеристика кај тебе?

17. Која ти е омилената не-физичка карактеристика кај тебе?

(3)31-odlichno-prashanje-koe-mozhete-da-i-go-postavete-na-devojkata-koja-dolgo-vreme-sakate-da-ja-zapoznaete-kafepauza.mk

18. Која е твојата најголема сила и најголема слабост?

19. Што е тоа што никогаш го немаш направено, но би сакала да го направиш?

20. Која е последната работа која те расплакала?

21. Која е последната работа што те насмеала?

22. Кое е твоето омилено сеќавање?

23. Ако парите не беа пречка, која би била твојата работа од соништата?

24. Што е последното нешто што те засрамило?

(4)31-odlichno-prashanje-koe-mozhete-da-i-go-postavete-na-devojkata-koja-dolgo-vreme-sakate-da-ja-zapoznaete-kafepauza.mk

25. Кој е твојот најголем страв?

26. Дали си зажалила за нешто и за што најмногу?

27. Што е најлудото нешто што си го направила?

28. Која е твојата омилена шега?

29. Постои ли книга, серија или филм за кои ти е срам што ги сакаш?

30. Ако можеш да бидеш животно, кое би го одбрала?

31. Што е тоа што би го кажала за те направи различна од другите?

Погледнете ги и овие прашања кои ќе ја направат вашата врска посилна.

За авторот
Студент на Машински кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар