30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

Помагајте, правете добри дела, искусувајте нови нешта, учете нови работи, уживајте со шолја добро кафе. Животот го прават малите нешта и животот е прекрасен. А во случај да сте заборавиле на ова, еве што ќе ве потсети колку сте благословени.

30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

1. Патување

Излезете од градот во секоја прилика која ја имате. Некогаш ќе одите подалеку некогаш поблиску, сеедно. Ќе искусите нешто ново, ќе го пробате тамошниот специјалитет, ќе запознаете нови личности, можеби и ќе се вљубите. Отворете се за нови авантури во животот и ќе видите колку можности имате пред себе.

2. Будење до саканата личност

Ги отворате очите и првото нешто што го гледате е неговиот/нејзиниот поглед вперен во вас… ве гледал/а додека сте спиеле. Да, животот е убав.

3. Искусување голем пад

Буквално или метафорично. Некогаш е добро да паднете и да ви се разниша тлото под нозете. Сосема е во ред, така повеќе ќе ги цените моментите кога стоите цврсто на нозе. Падовите се наши најголеми пријатели бидејќи нè учат на големи лекции.

4. Успех во нешто

Не, не зборуваме дека треба да станете милионери. Створете нешто ваше, нешто можеби мало и не толку важно за другите, но нешто направено со вашата креативност, вашата идеја и вашата пот. Секогаш, дури и во најлошите моменти во животот, ќе може да се свртите назад и да го погледнете вашето дело. Штом сте го создале тоа, можете и многу повеќе.

5. Градење кариера во вашата работа од соништата

Постојат премногу луѓе кои се заглавени на работни места кои воопшто не ги исполнуваат, и тоа е жалосно. Да, можеби ќе земате помалку плата, но ќе работите со страст. Звучи како клише, но неверојатно е колку поразлично и поисполнето живеат луѓето кои работат со страст. А токму со вашата страст и вашиот талент на тоа поле, за брзо ќе смислите како да ја зголемите својата заработка.

6. Пробајте некој екстремен спорт

Ова е голем предизвик особено за плашливците, но откако ќе излезете од таму живи ќе сфатите дека нема од што да се плашите, вие сте непобедливи. Доаѓа лето. Луди тобогани, сурфање на вода… кој ќе биде вашиот предизвик?

7. Бидете ментор

Давајте часови по нешто. Јазици, компјутери, математика, глума, танц… Кога макар едно нешто ќе му всадите во глава на вашиот ученик ќе бидете горди на себе.

8. Имајте ментор

Најпрво вам ви е потребен ментор кој ќе ве научи на нешто што толку многу го сакате.

9. Вложете луд напор во вашето тело

Може и сосем да сте задоволни со сопственото тело, и тоа е прекрасно. Но прекрасно е чувството по напорен тренинг, нели?

10. Пробајте да гледате на животот од минималистичка гледна точка

Помалку е повеќе, поедноставното е подобро, малите нешта нè прават среќни…

30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

11. Научете да ги елиминирате неважните нешта

Многу работи ни го одземаат нашето скапоцено време кое би можеле многу попаметно да го потрошиме. Кога ќе научите да не го трошите вашето време залудно, ќе видите колку време ви дава животот да постигнете сè што сакате.

12. Земете слободна недела

Заслужувате одмор. Земете слободна недела и да ве нема од вашето постојано место на живеење. Но, оставете го и компјутерот и телефонот. Зборуваме за полнење на вашите батерии.

13. Резервирајте си спа ден

Масажа, сауна, разубавување и опуштање. Па што ако мислите дека тоа ве прави помалку мажи по дефиниција, (ова се однесува на мажите), секому му треба релаксација и уживање. 🙂

14. Побарајте помош

Не, не сте сезнајковци ниту пак можете сè да постигнете сами. Никој не го може тоа. Кога ќе побарате помош од вашите најблиски и ќе ја добиете безрезервно, ќе сфатите колку сте сакани и вреднувани и дека никогаш не сте сами.

15. Бидете дел од филм

Земете учество во краткиот филм или видеоспот на вашиот другар или пријавете се доколку бараат статисти во некој филм. Колку кул, нели?

16. Пријавете се за онлајн курс

Уште веднаш, имате време да не се лажеме. Што е тоа за што отсекогаш сте биле љубопитни?

17. Имајте свој блог

Искористете ја моќта на интернетот кој ги поврзува луѓето, особено оние кои делат исти или слични интереси. Која е вашата страст? Што е тоа што би сакале да го споделите? Изразете се себеси и споделувајте ги вашите искуства.

18. Научете нов јазик

Уште една отворена врата во животот.

19. Смејте се

До толку што нема да можете да земете здив и ќе ви течат солзи од смеење. Ценете ги ваквите моменти.

20. Искусување на вистинската љубов

Знаете дека мозокот на вљубена личност работи слично како мозокот на човек под дејство на дрога? Секако, зборуваме за позитивната страна, за она океанско чувство на незапирливост и бесконечност.

30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

21. Имајте макар една секси комбинација

Мислиме на секси од кое боли глава. Зачувајте го за некоја посебна личност во вашиот живот. Тоа ви дава чувство на моќ и самодоверба.

22. Читајте многу

Изгубете се во книгите, во приказните и доживувањата. Оној кој не чита го живее само сопствениот живот, но оној кој чита живее илјадници животи.

23. Минувајте повеќе време со вашето семејство

Оние кои се отуѓени од своите семејства секогаш со себе носат еден неисполнет и тажен дел.

24. Минувајте повеќе време со пријателите

Нели долгите кафе муабети бескрајно ве исполнуваат?

25. Медитирајте

Ок, можеби и нема да успеете да го одвоите телесното од духовното, но минувајте време во тишина, самите со себе, опуштете се со миризливи свеќи.

26. Плачете

Некогаш ни е потребно долго да се исплачеме, дали од радост или од тага. Да се ослободиме од товарот и да ги пуштиме емоциите на слобода.

27. Водете дневник на благодарност

Денес сум благодарен поради тоа и тоа. Покажете дека знаете да ги цените дури и малите нешта во животот и навратете се на овој дневник по некое време.

30 работи кои треба да ги искусите за да сфатите колку е прекрасен животот

28. Дружење со позитивни личности

За да го цените животот минувајте време со луѓе кои зрачат со позитива и се смеат до солзи.

29. Подарувајте мали насмевки

На непознати по улица, на луѓе кои се нервозни, на госпоѓата која е неуслужна. Вашата мала пријатна насмевка прави чуда.

30. Мешајте рутини, правете промени

Промените се прекрасни а изненадувањата се секогаш добредојдени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар