30 работи кои ќе ги направи само жената која навистина и искрено ве сака

30 работи кои ќе ги направи само жената која навистина и искрено ве сака

Секоја врска е убава на свој начин, но на момците понекогаш им е потребно да ја почувствуваат љубовта со дела, а не само со зборови. Ситниците кои девојките ги прават за нив, секогаш им го разубавуваат денот, дури и кога не го покажуваат тоа на поразличен начин освен со бакнеж и насмевка. Момците знаат да бидат несигурни исто колку и девојките во љубовните игри, и често се прашуваат дели нивната поубава половина навистина се грижи за нив и дали навистина ги сака. Момци, доколку некогаш сте се запрашале дали вашата партнерка чувствува силни емоции кон вас, овој текст сигурно ќе ви го открие тоа.

1-30-raboti-koi-kje-gi-napravi-samo-zhenata-koja-navistina-i-iskreno-ve-saka-www.kafepauza.mk_

1. Внимателно ве слуша кога половина час драматично ѝ објаснувате зошто голот не бил добар или на кој начин противникот во видео играта бил појак.

2. Ви го препушта далечинскиот управувач кога гледате телевизија.

3. Не ве тера да ги измиете забите пред да ја бакнете за добро утро.

4. Не ѝ пречи кога скоро два часа гледате во телевизор, наместо во неа, дури и кога посебно се дотерала за таа вечер.

5. Ви испраќа пораки кои завршуваат со смајли за да ви го разубави денот.

6. Секогаш е тука за вас.

7. Игра видео игри со вас кога немате партнер, иако нема поим за нив.

2-30-raboti-koi-kje-gi-napravi-samo-zhenata-koja-navistina-i-iskreno-ve-saka-www.kafepauza.mk_

8. Горда е и љубоморна кога околу вас се вртат други девојки.

9. Се советува со вас пред донесувањето важни одлуки.

10. Последниот залак од оброкот го чува за вас, а понекогаш ќе украде и залак од вашата чинија.

11. Прави планови со вас, како на пример, одење на море, излет и слично.

12. Одвреме-навреме иницира галење кое води кон секс.

13. Умее да ве насмее, ве задева на забавен и смешен начин.

14. Ве запознала со своите родители и пријатели.

5-30-raboti-koi-kje-gi-napravi-samo-zhenata-koja-navistina-i-iskreno-ve-saka-www.kafepauza.mk_

15. Умее да ве изненади со неочекувана вечера, бидејќи сака да готви за вас.

16. Има доверба во вас и секогаш би тргнала со вас на спонтан одмор, кампување или која било друга непланирана авантура.

17. Ви се „фрла“ во прегратка кога ќе ве види и нежно ве гали додека сте тажни.

18. Без причина ќе ве изненади со некој поклон (иако се мали шансите дека ќе го погоди она што навистина ви се допаѓа).

19. Кога сте успешни, горда е на вас и на сите се фали со своето момче.

20. Сака да доаѓа со вас кај вашите пријатели (иако можеби не ѝ пријаат толку), ги запознала вашите родители и секогаш е фина кон сите.

3-30-raboti-koi-kje-gi-napravi-samo-zhenata-koja-navistina-i-iskreno-ve-saka-www.kafepauza.mk_

21. Ви дава поддршка кога и да ви е потребна.

22. Секогаш се насмевнува кога ќе ве види и потоа останува насмеана во текот на целиот ден.

23. Ја интересира сѐ за вашето детство и бившите девојки, но не е досадна и љубоморна.

24. Ве води на сите прослави со неа, ве запознала со сите луѓе кои ги познава и секогаш ве фали пред нив.

25. Ви верува и се потпира на вас за ситници кои може и самата да ги направи.

6-30-raboti-koi-kje-gi-napravi-samo-zhenata-koja-navistina-i-iskreno-ve-saka-www.kafepauza.mk_

26. Сака да ве бакнува.

27. Опуштена е пред вас и не ѝ пречи да заспие дури и со облека, со неизбришана шминка, во вашиот кревет.

28. Сака да ви помогне дури и кога не го умее тоа (пуштете ја, тоа многу ѝ значи).

29. Се смее на вашите шеги, иако мислите дека нема да ѝ бидат смешни.

30. Тивко ќе ве бакне наутро пред да замине на работа, додека вие сѐ уште спиете, или ќе ве разбуди со страстен бакнеж.

Жените навистина знаат да ги збунат мажите. Сепак, овие јасни знаци потврдуваат дека таа е луда по вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар