30 мали знаци на внимание со кои ќе го зацврстите вашиот брак овој месец

Првиот месец по венчавката, сигурно со задоволство сте го приготвувале омиленото јадење на вашиот партнер за вечера. Но, по неколку години брак, почнувате да влегувате во рутина и монотонијата полека завладува со вашиот живот. Не грижете се! Овие 30 едноставни идеи ќе ви помогнат да ја одржите стабилноста на вашиот брак во текот на целиот месец и сите месеци што ќе следат потоа…

30 мали знаци на внимание со кои ќе го зацврстите вашиот брак овој месец

1. Пофалете го вашиот сопружник за нешто глупаво и обично. На пример: „Најубаво ги редиш чиниите во машината за садови и тоа ми е многу секси.“

2. Преземете некоја од обврските на вашиот партнер. Скришно заменете ја сијалицата што трепка во кујната со нова и гледајте како очите на вашиот партнер ќе засветкаат кога ќе ја вклучите!

3. Купете го нивниот омилен десерт без никаква особена причина.

4. Оставете им слатка порака на перницата, ако знаете дека подолго ќе се задржите на работа.

5. Заедно гледајте ја нивната омилена ТВ серија, дури и да не можете да ја поднесете.

6. Потоа дозволете им да одберат кој филм ќе го гледате во петок вечер.

7. Се сеќавате на оние часови по салса кои отсекогаш сакале да ги посетуваат? Запишете ги или уште подобро, запишете се и вие самите.

8. Кога и да започнат тема на разговор што ви е здодевна, потрудете се да ги слушате и поставете им барем едно прашање. На пример, партнерот ви вели: „Читам книга за Втора светска војна“, а вие прашајте: „Навистина? Кој ти е омилен дел досега?“

9. Заедно изработете нешто што ви треба за домот.

10. Пратете им спонтано срце преку порака во текот на денот.

30 мали знаци на внимание со кои ќе го зацврстите вашиот брак овој месец

11. Заедно решавајте крстозбор. Ќе се изненадите од тоа колку лесно ќе ви оди решавањето ако ги здружите силите.

12. Завршете ја онаа домашна обврска што знаете дека ја мразат. Фрлете го ѓубрето наместо нив. Ништо нема да ви биде!

13. Испланирајте во календарот кога ќе одите на одмор, дури и да има многу време до тогаш.

14. Нареден пат кога вашата љубов ќе биде излезена од дома неколку часа, одвојте време за да направите ненадејна генералка. Вашите сакани ќе уживаат кога ќе седнат во беспрекорно чистата дневна соба.

15. Купете книга што ве потсетува на вашиот партнер и ставете му ја покрај креветот.

16. Изненадете ги вашите сопружници и одведете ги на вечера во нивниот омилен ресторан.

17. Пратете им спонтана фотографија од вас двајца. Ќе добиете бонус поени ако сликата е стара и не личите на ништо.

18. Вечерајте на трпезариската маса.

19. Заменета им ја старата крпа со нова додека се тушираат.

20. Кога ќе со дојдат дома доцна од работа, пуштете им ја омилената песна.

30 мали знаци на внимание со кои ќе го зацврстите вашиот брак овој месец

21. Пуштете забавна музика и направете си мала забава само за вас двајца.

22. Доброволно прошетајте го кучето од сабајле, за вашите сакани да можат да се наспијат.

23. Испечатете стара фотографија од вас двајца и врамете ја.

24. Кажувајте „Те молам“ и „Благодарам“, бидејќи тоа што сте во брак не значи дека треба да заборавите на вашите манири.

25. Измислете нов, глупав прекар за вашиот партнер и видете дали ќе се задржи.

26. Прошетајте заедно по вечерата наместо да гледате телевизија. Пешачењето е многу позабавно кога имате друштво.

27. Ако веќе сакате да гледате нешто, одберете нова серија во која заедно ќе уживате.

28. Играјте друштвена игра заедно и пијте вино. Не заборавајте на виното.

29. Напишете позитивна афирмација за вашиот партнер на огледалото во тоалетот.

30. Кажувајте ги следниве 8 збора што е можно почесто: „Драго ми е што се венчав со тебе“.

Прочитајте ги и следниве непишани правила за среќен и успешен брак.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар