30 мали тајни кои мажите навистина сакаат жените да ги знаат и разбираат

30 мали тајни кои мажите навистина сакаат жените да ги знаат и разбираат

Секогаш кога се обидуваме да протолкуваме или да разбереме што се крие зад постапките или однесувањето на мажите, склони сме да забораваме една ситница, а тоа е дека тие баш и не ги комплицираат работите. А бидејќи ние сме склони и премногу да размислуваме за некои работи, затоа и честопати донесуваме некои погрешни заклучоци, поради кои тие не гледаат со чудење. Јасно е дека не можеме многу да допреме до машкиот мозок од женска перспектива (а особено обратно), но всушност честопати сме водени од стереотипите кои не вредат за секој маж. Затоа можеби би било полесно кога тие самите би ни откриле што се случува во нивните глави. Затоа ние ви го дешифрираме нивното однесување низ овие 30 мали тајни откриени од обичните мажи.

1-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_

1. Понекогаш навистина не ни е јасно. Односно, целосно сме збунети. Ако сакате нешто да знаеме, тогаш тоа кажете ни го, бидејќи инаку никогаш нема да разбереме.

2. Кога во тишина седиме покрај вас, тоа не значи дека нешто не е во ред. Момците се навистина среќни што само седат покрај вас. Не треба секогаш да зборуваме или да правиме нешто за да бидеме задоволни.

3. Знаеме дека кога ќе се погледнете во огледало, ги гледате само недостатоците. Тоа што не го сакате, тоа што сакате да го промените. Тоа што би сакале да го имате, тоа што сонувате да го имате. Но, сè што ние гледаме се девојки кои знаат да нè насмеат. Девојки поради кои носиме насмевка на лицето. Девојки кои се паметни и духовити. Девојки кои никогаш не се откажуваат. Но, најмногу од сè ги гледаме девојките поради кои секој ден се чувствуваме како да сме освоиле на лотарија. И знаеме дека, без оглед на тоа колку пати ќе се погледнете во огледалото, најверојатно никогаш нема да ги видите овие прекрасни работи, но ние сакаме да знаете дека тоа е она што ние го гледаме секој пат кога ќе ве погледнеме.

4. Понекогаш едноставно ни треба време за мрзливост. Можеби час или два откако ќе се вратиме дома, само ни треба да се опуштиме. Тој ден сме работеле 10 часа. Тоа не значи дека помалку ве сакаме, само не сакаме на вас да го пренесеме стресот кој сме го насобрале тој ден. Ќе ви кажеме каков бил нашиот ден, но немојте веднаш за тоа штом стапнеме дома. Дајте ни време да се исчистиме, удобно да се сместиме и да се напиеме нешто ладно.

5. Ние не сакаме секогаш да го направиме првиот чекор.

6. Ние не сме нечувствителни. Мислиме на вас цело време. Понекогаш и најмалата работа знае да нè потсети на вас. Не можеме секогаш најдобро да го изразиме тоа, и понекогаш дури сме и збунети од нашите мисли и емоции. Но, верувајте ни, мислиме на вас!

7. Можеби нема потреба секогаш да ви кажуваме колку многу ве сакаме. Не ни е јасно како бројните работи кои ги правиме за вас не може да ве уверат во тоа дека ве сакаме. Зборовите се во ред, но нашите потези не можат да лажат. Тоа за нас има поголема смисла.

2-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_

8. Немојте да заминете или да побегнете во текот на караницата или расправата и да очекувате дека мажот ќе потрча по вас. Тоа што сте заминале за нас значи дека треба да бидете сами за да се смирите и тоа има смисла. Чудно ни е како многу жени и понатаму постапуваат на овој начин, а потоа нè обвинуваат и велат дека не ги сакаме само затоа што не сме потрчале по нив. Сакате да заминете? Заминете. Немаме време за тие средношколски љубовни игри.

9. Кога сакаме да бидеме сами, тоа скоро никогаш нема врска со вас.

10. Кога ќе ви кажеме нешто во доверба, НЕ е во ред тоа веднаш да ѝ го кажете на вашата најдобра пријателка. Не, не е.

11. Мажите се заљубуваат. И нас исто така нè болат раскинувањата. Се обидуваме да изгледаме како да е сè во ред, но и ние можеме да бидеме скршени. Дури толку многу што никогаш потполно не оздравуваме.

12. Кога си играте со нашата коса и вашата раката поминува низ неа, тоа за нас е божествено.

13. Само затоа што ви се насмевнуваме на поминување или ќе се сретнат нашите погледи, тоа не значи автоматски дека сакаме секс.

14. Само затоа што и другите жени ни се згодни, тоа не значи дека вие сте ни помалку убави или дека сакаме да ве напуштиме поради првата која поминала покрај нас.

15. Нашите пропусти да не ви дадеме комплимент за облеката, шминката или фризурата не се намерни. И не го пропуштаме тоа затоа што ве земаме здраво за готово. Кога ве гледаме, не ве гледаме какви сте вие во тој момент. Ве гледаме онакви какви што сте биле првиот пат кога сме ве виделе, онакви какви што сте биле на нашата венчавка. Онакви какви што сте биле на првата брачна ноќ. И кога ќе ни приговорите дека не сме ви дале комплимент, сакаме нешто да сфатите: Не ни е важно дали носите нов фустан или тренерка. Ние гледаме сè што сте биле, тоа што сте, и тоа што ќе бидете. До крај.

side view of a fashion model in suit and tie enjoying his cigar

16. Обожаваме кога сте среќни поради нешто.

17. Ако ви се допаѓа некој маж, поедноставно е тоа да му го кажете.

18. Кога ќе ви упатиме комплимент, само кажете фала. Не треба ништо да објаснувате.

19. Кога ние мажите ќе кажеме ‘што било, што ти сакаш’ или ‘што било, што те прави среќна“, зад тоа НЕМА никакви трикови. Ние навистина ја цениме вашата среќа и ја ставаме на прво место.

20. Мажите генерално не зборуваат многу. Имаме чувства, потреби и желби, како и вие, само имаме различни начини на кои тоа го изразуваме. Ако мажот ви ја отвори неговата душата, тоа е голема работа за него. А тогаш излегува голема количина емоции. Но, општеството ги навикнало мажите дека мора да бидат воздржани и затоа сме. Со секој поголем проблем често се носиме во себе. Тоа и понатаму е нашиот начин. Ние би требало да бидеме мирни и рационални во секоја ситуација, но тоа зема данок на нашата психа. И само затоа што се однесуваме како да е сè во ред, ако доволно длабоко копате, најверојатно тоа не е така. Многумина од нас имаат многу повеќе да кажат и покажат. Но, тоа го правиме со вистинската личност и во вистинското време.

21. Понекогаш навистина не размислуваме за ништо.

22. Поубави сте отколку што мислите.

23. Една ваша насмевка знае да биде доволна за да исчезне целиот лош ден на работа и целиот стрес добиен поради него.

24. Ако не ве интересираме на љубовен план, тогаш немојте да излегувате со нас.

4-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_

25. Ве молиме да не нè судите по нашите пријатели. Во нашата група има пријатели кои не се вклопуваат, но немаме срце да ги исфрлиме.

26. Ние мажите главно се сеќаваме на секој комплимент што сме го добиле. Не ги добиваме често како вие, и затоа сме навистина среќни поради нив.

27. Поголемиот дел од времето, подобро би било нешто да ни ја јаде душата, отколку да разговараме за тоа.

28. Потребно ни е машко дружење. Не сакаме да излегуваме за да гледаме други жени, само сакаме нешто да се напиеме и да правиме досадни машки работи. Доволно е еднаш месечно, но само машко друштво. Немојте да бидете тој ден нерасположени и да ни се јавувате или да ни праќате пораки цело време додека сме надвор.

29. Кога ќе ни кажете дека сè е во ред кога не е така, е полошо отколку да сте ни кажале во што е проблемот.

30. Мажите се дружат низ активностите. Жените се дружат низ комуникацијата. Нашите сеќавање се повеќе во стилот ‘се сеќавате оној пат кога сме…’. Ние не се присеќаваме на разговорите за љубовниот живот.

5-30-mali-tajni-koi-momcite-navistina-sakaat-zhenite-da-gi-znaat-i-razbiraat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар