3 животни грешки поради кои никогаш не треба да жалите

3 животни грешки поради кои никогаш не треба да жалите

Некои од овие настани самите ги перципираме како грешки, а некои како такви ги доживуваат луѓето околу нас, иако ние не се чувствуваме лошо затоа што сме ги направиле. Она што е заедничко за сите тие „грешки“ е дека поради нив никогаш не треба да жалите, бидејќи тие на долг план ви прават повеќе добро, отколку зло.

1-3-zhivotni-greshki-zaradi-koi-nikogash-ne-treba-da-zhalite-www.kafepauza.mk_

1. Сте се заљубиле во погрешна личност

Можеби ова не звучи логично за секого, но понекогаш едноставно не сфаќаме што всушност заслужуваме сѐ додека не го испробаме она што дефинитивно не е добро за нас. Жените често се заљубуваат во мажи кои не се доволно добри за нив, кои не ги почитуваат и не се однесуваат кон нив онака како што е потребно.

Им простуваме, бидејќи веруваме дека може да се променат, а дури кога таквиот маж ќе ни го скрши срцето стануваме свесни колку вредиме. Заради тоа никогаш немојте да жалите за пропаднатите љубовни врски со погрешна личност, бидејќи тие често нè учат да препознаеме каков партнер всушност заслужуваме.

2. Сте дале отказ

Токму ова е еден од настаните кои околината во денешно време најчесто ги осудува. Меѓутоа, ако не сте задоволни со работата која ја работите, без разлика на тоа дали таа е добро или лошо платена, имате право да ја побарате среќата на друго работно место. Мислењето на другите ни најмалку не треба да ви биде важно. Заслужувате можност да ги остварите вашите цели и да работите на сопственото усовршување, па затоа нема смисла да се каете заради напуштање на работата која ве правела длабоко несреќни.

3. Сте научиле да кажете „НЕ“

Во нашиот внатрешен круг на пријатели и членови на семејството често се вовлекуваат луѓе кои всушност не ни посакуваат добро. Тие се нарекуваат „токсични“ луѓе, а помеѓу главните карактеристики на тие личности се изразената негативна енергија, потребата за критикување, константно осудување на туѓите постапки и себичноста.

Токсичните луѓе кои не се дел од нашиот близок круг можеме полесно да ги исклучиме од нашиот живот, но кога тие се наши пријатели или членови од семејството, тогаш е многу потешко да се ослободиме од нивното негативно влијание. Меѓутоа, ако сте собрале храброст, сте успеале и сте научиле да им кажете „НЕ“, тогаш нема зошто да жалите. Во таквите ситуации останатите личности од блискиот круг понекогаш нè убедуваат да им дадеме друга шанса или пак, ни замеруваат за одлуката, но немојте да се грижите за тоа. Тоа што сте го направиле не е погрешно, туку е најдоброто нешто за вас во моментот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар