3 женски оружја кои ќе ви помогнат при ненадеен напад за помалку од 10 секунди

3 женски оружја кои ќе ви помогнат при ненадеен напад за помалку од 10 секунди

Кога се наоѓате во опасност, секој предмет од вашата околина може да ви послужи како оружје. Можете да се одбраните од насилник со помош на: штикли со висока потпетица, паметен телефон или чадор благодарение на овие корисни совети.

3-zhenski-oruzhja-koi-kje-vi-pomognat-pri-nenadeen-napad-vo-pomalku-od-10-sekundi-kafepauza.mk

1. Штикли

Штиклите можат да бидат одлична помош при самоодбрана ако шилецот од потпетицата го искористите како оружје. Доволно е со високата потпетица да загазите на средината од стапалото на напаѓачот, точно над коленото или во препоните за ефективно да го спречите насилникот во нападот за помалку од 10 секунди.

2. Паметен телефон

Паметните телефони вообичаено се многу скапи, па искористете ги за самоодбрана само во најитни случаи. Доброто нешто е што честопати ги држиме во раце, па се наметнуваат како логично решение при ненадеен напад. Со него можете да го удрите насилникот во пределот на вратот, лицето или грбот, или пак може да ви послужи како средство за збунување и потоа реализирање на ударот со тупаница.

3. Мал чадор

Малиот чадор е составен дел од инвентарот на женската чанта, но и корисно оружје за самоодбрана. Опфатете го склопениот чадор со дланката на средина – за да имате контрола над неговата целосна должина, па искористете го како оружје за удирање на напаѓачот точно во лицето. При ударот движете го целото тело, а не само рацете. Чадорот можете да го искористите и како средство за гушење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар