3 важни нешта за тампоните кои поголемиот дел од жените не ги знаат

3 важни нешта за тампоните кои поголемиот дел од жените не ги знаат

Ако и вие сте личност која редовно користи тампони, тогаш мора да ги знаете следниве 3 важни нешта со цел да ја задржите вашата хигиена на највисоко ниво. Внимавајте, бидејќи како и сите други производи од овој вид, така и тампоните можат да предизвикаат штета врз вашето здравје доколку не се користат правилно.

3 важни нешта за тампоните кои поголемиот дел од жените не ги знаат

1. Тампоните имаат рок на траење

Многу жени всушност не знаат дека тампоните (како и влошките) имаат свој рок на траење. Ние забораваме дека тие не се стерилни и затоа пред да се купат мора да се провери датумот на нивното производство, како и рокот на траење. Исто така, треба редовно да го проверувате и вашиот дом со цел да не користите стари хигиенски производи.

Експертите предупредуваат дека рокот на траење на тампоните кои жените редовно ги носат во своите чанти дополнително се смалува поради изложеноста на производот на прашина, парфеми и бактерии кои се наоѓаат во женските торби. За разлика од влошките, тампоните се нанесуваат во внатрешноста на вагината, и токму затоа треба да бидете внимателни кога ги користите со цел да се заштитите од инфекции.

2. Во текот на животот, жените трошат помеѓу 2.000 и 3.000 евра за тампони

Постои огромна дебата ширум светот за дали треба конечно да се сместат женските производи за интимна хигиена во категоријата медицински производи, со оглед на тоа што на жените им создаваат месечен трошок кој едноставно не може да се избегне. Во зависност од траењето на циклусот, жените губат помеѓу 2.000 и 3.000 евра за тампони, што воопшто не е мала бројка.

3. Избегнувајте ги „миризливите“ тампони

Првиот „миризлив“ тампон се појавил во 1971-та година. Но, гинеколозите предупредуваат дека треба да ги избегнувате овие производи поради состојките кои ги содржат. Одредени елементи во тампоните кои мирисаат пријатно можат да придонесат до поголем ризик за развој на габични вагинални инфекции и чешање кои само го влошуваат мирисот на интимната област.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар