3 тренди начини да го носите вашиот омилен џемпер

Кога станува збор за облекување, не постојат подобри совети од модните блогерки и трендсетерки што се секогаш во чекор со најновата мода. Тие не само што успеваат да направат уникатни комбинации, туку често користат и мали трикови поради кои нивните комбинации изгледаат уште подобро и поатрактивно. Погледнете ја нивната генијалност при комбинирањето на џемперите за оваа сезона, при што ќе посакате веднаш да се обидете и вие да пробате некоја од овие комбинации.

Урбан изглед

(1) 3 тренди начини да го носите вашиот омилен џемпер

Сигурно досега сте забележале дека вовлекувањето на маичката или кошулата во панталоните допринесува за тоа комбинацијата да биде многу позабележлива. Истото важи и за подвиткувањето на ракавите. Чудно, но делува! Па, доколку сакате да го освежите вашиот изглед оваа есен, направете го тоа така што ќе го вовлечете вашиот џемпер во панталоните, но само од едната страна. На овој начин добивате модерен, урбан аутфит.

Ретро изглед

(2) 3 тренди начини да го носите вашиот омилен џемпер

Претходната сезона, фармерките со трегери повторно се вратија на модната сцена, а љубовта кон нив се пренесува и во оваа сезона. Па, спојте ги овие два тренда и направете комбинација од есенските џемпери со фармерките со трегери. Не заборавајте да додадете и некој впечатлив моден додаток за шик изглед. Совет плус – фармерките со трегери нека бидат во форма на ѕвонарки.

Асиметричен изглед

(3) 3 тренди начини да го носите вашиот омилен џемпер

Стариот џемпер може да изгледа многу обично, па затоа и потребно му е нешто што ќе го освежи. Решението се наоѓа во вашата фиока! Земете кој било каиш и од својот омилен џемпер направете оригинална и асиметрична креација. Носете го како модерно „молив“ здолниште и кратки чизми на штикла, и подготвени сте за секаков вид настани.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар