3 совети за нозете да ви изгледаат подолги во рамни чевли

Многу жени, особено оние со поситна градба, сакаат да ја издолжат својата фигура, а модните експерти откриваат 3 начини на кои тоа може да се постигне.

3-soveti-za-nozete-da-vi-izgledaat-podolgi-vo-ramni-chevli-kafepauza.mk

Веќе втора сезона по ред дизајнерите ни порачуваат дека рамните обувки се во мода. Тоа од една страна е одлично, добра вест која особено ги радува нашите стапала, но од друга страна, оној секси ефект на издолжена нога може да се постигне само со елегантни чевли со висока потпетица.

Сепак, постојат трикови кои ни помагаат и во рамни обувки да ги издолжиме нозете и да го постигнеме посакуваниот изглед.

1. При одбирањето чевли, треба многу да се внимава нивната висина (длабочина) да не го надминува коренот на стапалото. Добар трик за создавање визуелно издолжени нозе и е дизајнот со ременчиња од страна или длабок отвор. Таквите чевли ќе ја издолжат ногата бидејќи дискретно откриваат гола кожа, а во ладните денови се препорачува комбинирање со хулахопки во посветли бои.

2. Делот со откриената кожа е главен визуелен трик за издолжена фигура. Со балетанки или со популарните оксфордки пожелно е да ги подвиткате пантолоните до средината на глуждовите.

3. Слична или иста нијанса на чевли и пантолони на секоја нога ќе ѝ подари сантиметри. Рамните чевли во кожа боја, беж или боја на карамела комбинирани со слични нијанси на пантолони особено го зголемуваат ефектот на зголемување на должината на нозете.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар