3 сигурни знаци дека имате совршен сексуален живот со вашиот партнер

Сексот е многу важен дел од секоја врска, но овој многу интимен чин го достигнува својот врв само тогаш кога двајцата партнери максимално уживаат во моментот, без воздржување. Во продолжение следуваат знаците дека имате совршен љубовен живот.

1-3-sigurni-znaci-deka-imate-sovrshen-ljuboven-zhivot-so-vashiot-partner-www.kafepauza.mk_

1. Во текот на сексот не се грижите за изгледот

Водењето љубов е страстен момент во текот на кој, за максимално да уживаме, целосно се препуштаме на чувствата. Во тие моменти не ни е важно како изгледаме, каква е нашата фризура и дали ни се гледа целулитот. Ако се препознавате во оваа ситуација, вие имате совршен сексуален живот.

2. Можете да му кажете на партнерот што точно сакате во сексот

Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму заради тоа, комуникацијата помеѓу партнерите гарантира совршен секс. Ако не се двоумите да го насочите на „вистинскиот пат“ или во текот на сексот да му советувате како да ги изведе вашите омилени движења, знајте дека имате одличен сексуален живот.

3. После сексот се чувствувате опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае врз работата на мозокот и лачењето на хормонот за среќа и задоволство. Но, тоа се однесува само на страсниот секс во кој нема вкочанетост. Ако после сексот не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери и не можете да се спротивставите на заморот, имате совршен сексуален живот.

Погледнете кои глаголи може да го променат вашиот љубовен живот.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар