3 рецепти за сосови кои се готови за 3 минути

Тешко е да се замислат филмските дружења без грицки. Наместо класични чипсови, изненадете ги пријателите со малку поздрави алтернативи! Морковот, краставицата и целерот самите по себе можеби не се возбудливи, но со вистинските сосови може да се претворат во сладок залак со кој гледањето на филмот ќе стане уште позанимливо. Со шарените сосови од кисела павлака, авокадо и домати со сигурност ќе го задоволите вкусот на вашите гости. Подготовката е едноставна, а намирниците сигурно веќе ги имате во вашата кујна.

Сос од авокадо

2-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 200 грама кисела павлака
  • ½ авокадо
  • 1 чешне лук
  • ½ лимон
  • Прстофат сол
Начин на подготовка:

Изгмечете го авокадото со виљушка или со помош на некој уред. Изгмечете го лукот, а потоа соединете ги заедно со киселата павлака. На крај, додајте ја солта и лимоновиот сок.

Бел сос

3-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 200 грама јогурт
  • 200 грама кисела павлака
  • 1 чешне лук
  • 2 лажици мајонез
  • Прстофат магдонос
  • Прстофат сол
Начин на подготовка:

Исечкајте го лукот на ситно, измешајте го со јогуртот, киселата павлака и мајонезот, а на крај додајте го и магдоносот.

Тако сос

4-3-recepti-za-sosovi-koi-se-gotovi-za-3-minuti-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 1 лажица масло
  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 1 чили пиперка
  • 400 грама пире од патлиџани
  • ½ лажичка мелен ким
  • ½ лажичка меле коријандер
  • 1 чешне лук
  • Прстофат сол и бибер
Начин на подготовка:

Ставете го маслото во тава, додајте го ситно исечканиот кромид и пржете го околу една минута. Потоа, додадете ја и исечканата пиперка. После две до три минути додајте го лукот и зачините, а потоа и пирето од патлиџани. За крај, по сопствена желба и вкус можете да додадете малку кисела павлака.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар