3 природни лекови против опаѓање на косата

Пролетта предизвикува промени во организмот заради кои и косата повеќе паѓа. Не мора да паничите и да трчате кај вашиот фризер за помош. Можете сами да направите природни препарати од состојки кои ќе ги најдете во вашата кујна и на тој начин да го спречите опаѓањето на косата. Можеби нема да ви бидат многу пријатни, но со сигурност го постигнуваат ефектот.

3-prirodni-lekovi-protiv-opagjanje-na-kosata-kafepauza.mk

Третман на база на жолчка

Изматете една жолчка додека не добиете пенеста паста. Додајте лажичка рум и лажичка рицинусово масло. Кога убаво ќе ги соедините состојките, нанесете ја смесата на главата и масирајте. Потоа покријте ја главата со пешкир и оставете препаратот да делува барем 3 часа, но уште подобро е ако можете да преспиете така.
Потоа, измијте ја косата најпрво со жолчка, а потоа и со вода во која ќе исцедите лимонов сок. Третманот повторувајте го еднаш неделно сѐ додека вашата коса не се опорави.

Третман на база на корен од коприва

Измијте 100 грама корен од коприва и ставете го во литар ракија комовица или во друг јак алкохол со над 70% јачина. Оставете го препаратот да стои така 8 дена. Потоа содржината ставете ја во чисто шише и додадете неколку капки рицинусово масло и малку колонска вода заради мирис. Со овој препарат секојдневно масирајте го коренот на косата.

Третман на база на вински оцет

Земете 100 грама коприва и варете ја 20 минути во пола литар вода. Поклопете го садот и оставете да отстои околу 8 часа. Потоа процедете ја течноста и во неа додајте 200 грама вински оцет. Со овој лек протривајте ја главата секоја вечер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар