3 причини зошто веднаш треба да се напиете чаша вино

По вечерата, наместо чаша вода, направете исклучок за кој телото ќе ви биде благодарно. Група научници од Шведска неодамна ги откриле резултатите од своите истражувања, кои потврдиле дека луѓето кои умерено консумираат вино го намалуваат ризикот од срцев удар за 30%. Погледнете ги следниве 3 причини зошто и вам треба пиењето вино да ви премине во навика.

3 причини зошто веднаш треба да се напиете чаша вино

1. Ја подобрува работата на срцето и мускулите

Виното ги шири артериите, со што овозможува подобар проток на крвта, а најголема корист од тоа имаат срцето и мускулите. Покрај тоа, овошните состојки во виното го подигнуваат нивото на добриот холестерол, а истовремено го намалуваат нивото на лошиот. Кога во крвотокот ќе се задржи високо ниво на лош холестерол, фенолите кои се наоѓаат во виното го поништуваат негативното влијание врз артериите. Развојот на добриот холестерол е многу важен бидејќи со негова помош се отстрануваат штетните делови од крвотокот.

2. Корисно е во борбата против ракот

Консумирањето вино го штити телото од различни видови рак. Фенолите, покрај тоа што го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, го забавуваат и развојот на клетки во случај на рак на гради или простата. Една група француски научници во виното откриле и ресвератрол, антиоксиданс кој покрај спречувањето на ракот влијае благотворно и врз различните видови воспаленија. Сето ова најдобро го потврдува истражувањето од Универзитетот Мисури, кое открива дека црвеното вино позитивно влијае на превенцијата и борбата со ракот на усната празнина.

3. Ги зацврстува коските и го разбиструва умот

Пијалакот на боговите игра голема улога и во здравјето на коските, намалувајќи го ризикот од остеопороза. Статистиката покажала дека три чаши вино дневно позитивно влијаат на минералите од кои зависи густината на коските. Умереното консумирање вино ја зголемува густината на коските за 15%.

Умереноста е најважна

Знаејќи го сето ова, не е чудно што сѐ повеќе доктори ширум светот препорачуваат редовна консумација на вино. Меѓутоа, прекумерното консумирање е контрапродуктивно, па затоа е многу важно да не претерувате.

Статистиките покажале дека поголем број луѓе ширум светот умираат од болести на црниот дроб кои се предизвикани од алкохолизмот, отколку во сообраќајни несреќи. Исто така потврдено е дека луѓето кои пијат премногу алкохол во просек имаат три пати поголеми шанси да умрат во однос на оние кои алкохолот го консумираат умерено.

Светската здравствена организација препорачува да се пијат две чаши во денот, па добро би било ако се придржувате до оваа препорака.


За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар