3 причини зошто среќно вљубените луѓе ги изневеруваат партнерите

Кога еден од партнерите не е верен во врската, веднаш претпоставуваме дека нешто не е во ред со нивниот однос. Мислиме дека не може да се работи за вистинска љубов, дека неверникот е ужасна личност опседната со секс. Понекогаш тоа е навистина така, но не се залажувајте се себеси! Неверството може да се случи во секоја врска. Дури и во најсреќните врски и бракови се случува еден од партнерите да изневерува.

3 причини зошто среќно вљубените луѓе ги изневеруваат партнерите

Ова делува многу нелогично. Како би можеле да го изневерите човекот кого го сакате? Верувале или не, постојат 3 причини зошто среќно вљубените луѓе ги изневеруваат партнерите. Во продолжение, дознајте кои се тие…

1. Се обидуваат да ја обноват врската со она што мислат дека го изгубиле

На овој начин тие не се обидуваат да се оддалечат од партнерот. Тие само сакаат да го пронајдат она што мислат дека го изгубиле кај себе. Можеби станува збор за нивната слобода, страст или нешто сосема трето. Иако можеби ќе ве повреди фактот што тргнале во потрага надвор од вашата врска, тоа не значи дека тие не се среќни со вас. Можеби едноставно се срамат да признаат што е она што навистина им треба.

2. Потребата за изневерување има биолошка основа

Изневерувањето се случува во секоја култура, дури и во оние каде што се казнува со каменување или смрт. Па, зошто луѓето би си го ризикувале животот само за да изневерат? Одговорот лежи во биологијата. Луѓето имаат двојна човечка репродуктивна стратегија што значи дека чувствуваме еволуциона потреба од формирање долготрајна љубовна врска. Но, оваа стратегија исто така создава поттик за изневерување.

За мажите, втората жена значи имање повеќе деца, а со тоа и зголемени шанси за пренесување на нивната ДНК на идните поколенија. За жените, неверството со друг маж значи поголема сигурност и заштита во случај нивните сопрузи да починат или да ги напуштат. Иако можеби нештата се сменети во денешното општество, ваквото однесување сѐ уште е запишано во нашиот генетски код.

3 причини зошто среќно вљубените луѓе ги изневеруваат партнерите

3. Понекогаш едноставно се случува

Сите сме ранливи кога станува збор за љубовта и сите во одреден момент паѓаме на искушенија. Дали ви се допаѓа слатката касиерка која флертува со вас секогаш кога ќе влезете во продавница? Дали вашиот згоден колега навистина ве слуша кога зборувате? Сосема е нормално да ви ласка вниманието и интересот што го привлекувате кај спротивниот пол. Ако некогаш имате навистина лош ден и сите коцки се поклопат, вие или вашиот партнер може да направите грешка и да му се препуштите на тоа минливо и возбудливо чувство.

Сепак, не треба да ги користите овие причини како изговори. На крајот на краиштата, изневерувањето е избор и покрај тоа што понекогаш не размислуваме со чиста глава. Но, најважно е да разберете дека неверството може да му се случи секому. Ако мислите дека нема шанси да ви се случи тоа вам, многу лесно може да го доживеете токму тоа, бидејќи сте ги пропуштиле сите знаци на предупредување. Па, како можете да спречите минливите моменти на страст да се претворат во вистинска афера?

Клучот лежи во искрената комуникација и претпазливост. Ако забележите дека многу ве привлекува некој маж или ако фантазирате за вашиот колега, спомнете му го тоа на вашиот партнер. Објаснете му зошто сте го почувствувале тоа. Можеби потсвесно не сте сексуално задоволни или сметате дека саканиот не ве цени доволно. Доколку отворено разговарате за тоа, ќе успеете да го решите проблемот. Во спротивно, товарот ќе станува сѐ потежок и потежок, а брдото лаги и недостатокот на доверба ќе доведе до неизбежниот крај на врската.

Сите понекогаш паѓаме на искушенија. Но, како ќе постапиме во врска со тоа е она што одредува дали врската ќе преживее или не.

За да дознаете повеќе на оваа тема, прочитајте дали постои емоционално неверство.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар