3 причини поради кои летото е најопасната сезона

3 причини поради кои летото е најопасната сезона

Летото пристигна, а тоа значи забави на отворено, одмори, плажа и за жал, смрт поврзана со временските услови. Летото е период на многу високи температури, а тоа е голем ризик за здравјето.

Дали летото е најсмртоносната сезона?

(4)3-prichini-poradi-koi-letoto-e-najopasna-sezona-kafepauza.mk

Кога станува збор само за временските улови, одговорот е не. Зимските температури многу почесто „убиваат“ луѓе. Според еден извештај од Центарот за контрола на болести, околу 63% од луѓето кои умреле како последица од временските услови, умреле во зима. Околу 31% од случаите биле во лето. Останатите 6% се од поплави, бури или громови. Како и да е, летото си има свои опасности кои немаат никаква врска со температурата, туку повеќе со однесувањето на луѓето кое се менува во потоплите месеци. Погледнете ги 3-те опасности кои ги носи летото.

1. Насилниот криминал е во пораст во текот на летото

(5)3-prichini-poradi-koi-letoto-e-najopasna-sezona-kafepauza.mk

Истражувањата покажуваат дека насилниот криминал е почест кога времето е потопло. Една од причините е зголемувањето на агресивното однесување, но најчеста причина е тоа што луѓето почесто се во интеракција едни со други кога времето е потопло.

2. Внимавајте на возачите тинејџери

(2)3-prichini-poradi-koi-letoto-e-najopasna-sezona-kafepauza.mk

Минатата година била најсмртоносна во деценијата кога станува збор за сообраќајни несреќи. И покрај фактот дека зимата е период на замрзнати патишта и намалена прегледност, летото е многу поопасно, особено кога во сообраќајот се вклучени и тинејџери. Бројот на смртни случаи каде што со возилото управувале тинејџери е 16% повисок во летните месеци отколку во кој било друг период во годината. Околу 60% од овие случаи биле предизвикани од невнимание, најчесто поради користење на телефон.

3. Не се дават само децата

(3)3-prichini-poradi-koi-letoto-e-najopasna-sezona-kafepauza.mk

Давењето е најчестата причина за смрт кај децата помали од 5 години, но на овој начин загинуваат и многу возрасни. Околу 10 луѓе умираат секојдневно од давење, а двајца од нив се помлади од 14 години. Дури и возрасните кои се искусни пливачи се во опасност и не би требало да пливаат сами или без надзор од чувар на плажа.

Но, ова не значи дека не треба да уживате во летото. Погледнете неколку бесплатни работи кои можете да ги направите ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар