3 правила за носење шорцеви на работа

Носењето шорцеви на работа е „жешка“ тема, не само заради тоа што тие се кратки, туку и заради тоа што е вечно дискутабилен начинот на кој се носат. Дури и доколку дрес кодот, кој се почитува на вашето работно место, дозволува лежерен изглед, не смеете да дозволите шорцевите кои ги носите да изгледаат како да сте на плажа. Еве на што треба да обрнете внимание ако се одлучите да ги носите на работното место:3 правила за носење шорцеви на работа

  • Одберете елегантна свила или цврст растеглив памук, а одбегнувајте го млитавиот памук и згужваниот лен.
  • Шорцевите треба да имаат едноставен, јасен крој како пантолоните и должината треба да им биде точно над колениците.
  • Кога одбирате шорцеви, размислувајте исто како кога одбирате здолниште – треба да можете да ги носите со убава блуза, спортско сако и крупен накит. Ваквиот изглед треба да го надополните со соодветни обувки: сандали со висока платформа, елегантни салонки, чевли од лакирана кожа или рамни балетанки со металик боја.

3 правила за носење шорцеви на работа

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар