3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги смените

Некои однесувања во бракот се докажани знаци за развод. Па, ако науката е во право, можеби е подобро да почнете да работите на тие однесувања. Погледнете за кои станува збор, но и како да ги смените.

3 однесувања во бракот кои можат да предвидат развод и како да ги сопрете

1. Покажување презир кон партнерот

Проблем: Според психолозите, презирот, злобата, сарказмот и лошиот хумор се првиот знак за разделба. Без разлика во која форма доаѓа, презирот е отровен за врската бидејќи прикажува одвратност. Невозможно е да решите проблем кога партнерот добива порака дека ви се гади од него.

Решение: Разговарајте за вашите најсреќни сеќавања, фокусирајќи се на тоа зошто и како завршивте заедно. Откријте ги вашите први импресии еден за друг и повторно почувствувајте ја љубовта како пред бракот. Изгледајте ги фотографиите од венчавката или пак, снимката од првите чекори на вашето бебе.

2. Жалење за партнерот

Проблем: Зборувањето за партнерот со пријателите може да биде терапевтско. Но, со секое озборување ги рушите вашите темели. Идниот успех зависи од тоа на кој начин ќе ја раскажувате вашата приказна. Едно истражување покажало дека кога паровите имаат позитивна перспектива, тие си веруваат. Од друга страна, кога имаат негатива перспектива, тие се пречувствителни, па ги сфаќаат и најобичните нешта премногу лично. Перцепцијата станува реалност.

Решение: Разговарајте еден со друг наместо еден за друг. Ако нешто не функционира помеѓу вас, постои само една личност која треба да слушне за тоа. Без разлика дали има потреба од долг разговор кој ќе го повреди вашето его, потребно е да се борите за здрава комуникација од двете страни. Не постои изговор да се справите со врската на друг начин.

3. Третман со молчење

Проблем: Оние кои мразат соочување, избегнувањето може да изгледа полесно од расправијата. Но, ова може да биде штетно колку и викањето. Третманот со молчење е докажан убиец на бракот. Проблемите остануваат нерешени, а растојанието помеѓу сопружниците постојано се зголемува.

Решение: Разговарајте прво со себе. Кажете си дека иако сметате дека тишината ќе помогне, таа всушност ќе направи повеќе штета. Се разбира, „ладењето“ по расправија не се смета за третман со молчење, сè додека планирате да се смирите и да разговарате за проблемот.

Прочитајте ги и овие совети за зачувување на бракот од адвокат за развод.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар