3 нешта кои мајките мора да престанат да ги кажуваат пред нивните ќерки

3 нешта кои мајките мора да престанат да ги кажуваат пред нивните ќерки

Вие можеби не сте свесни, но со некои секојдневни изрази можете многу негативно да влијаете врз вашите ќерки. Вие без да знаете може да ги научите на лоши лекции за изгледот, телото и неблагодарноста. Токму затоа погледнете ги овие 3 нешта кои веднаш треба да престанете да ги кажувате пред вашите ќерки…

3 нешта кои мајките мора да престанат да ги кажуваат пред нивните ќерки

1. „Ова е ЛОША фотографија од мене“

Сите ние имаме фотографии на кои ни изгледа како да не сме испаднале добро и едноставно не постои начин да го спречиме тоа. Но, она што треба да го научите е дека за децата поважно е тоа што претставува фотографијата отколку вашиот изглед. Доколку кажете дека фотографијата која сте ја направиле од вас е „лоша“, тогаш целосно ќе ја оттргне среќата која вашите ќерки би ја чувствувале кога ќе ја гледаат таа фотографија. Истовремено на тој начин ги учите девојчињата на „способноста“ да се критикуваат себеси, без размислување.

Токму затоа наместо да кажете дека фотографијата не ви се допаѓа, само затоа што вие сметате дека сте испаднале лошо, најдете нешто на неа што е интересно и фокусирајте се на тоа. Набрзо ова размислување ќе ви премине во навика и вие ќе почнете да ги разгледувате албумите со спомени со многу поголемо задоволство и среќа.

2. „Таа храна ДЕБЕЛЕЕ.“

Доколку јадете умерено, ниту една храна не е непоправливо лоша за вас. Точно, некоја храна е поздрава од друга, но доколку почнете на одредени оброци да им ставате етикети, кога вашата ќерка се најде во ситуација да треба да ја јаде таа храна ќе почне да се чувствува како да прави нешто лошо, нешто од што треба да се срами. Целото ова однесување води кон идејата дека тежината на една личност е одраз на нивниот успех и вредност.

Токму затоа, обидете се искрено и отворено да разговарате со вашите ќерки за начинот на кој одредена храна влијае врз телото, како и која храна е поздрава за нив. Обидете се преку разговорот да влијаете врз изборот на храната на вашите деца и искористете го тоа да ги научите за важноста на здравјето на нивното тело. Исто така не заборавајте дека тие понекогаш учат многу повеќе од она што го гледаат, отколку од тоа што го слушаат, особено ако се помали, па токму затоа обидете се и вие да го водите оној режим на исхрана кој тврдите дека е добар за нивното општо здравје.

3. „Немам НИШТО за облекување.“

Децата се многу интелигентни, имајте го тоа на ум. Уште од мали нозе тие разбираат многу нешта, понекогаш дури и премногу. Токму затоа изреката „немам што да облечам“ ги учи вашите ќерки да не ги ценат оние нешта кои ги поседуваат. Многу е лесно со нивните млади очи да забележат дека имате шкаф преполн со облека, дури и покрај вашето тврдење дека немате што да облечете, па токму на овој начин тие учат за неблагодарноста.

Ова не значи дека вие не смеете да се чувствувате лошо одвреме-навреме, но кога имате можност, обидете се да пробувате облека без присутна публика. Не заборавајте дека како деца, вие сте ги носеле само оние нешта кои во моментов сте се чувствувале дека ви одговараат на расположението, без разлика дали станува збор за зимски пантолони во јуни или пак за шарено фустанче со каубојска капа. Облеката треба да биде начин на кој ја изразуваме нашата креативност , па токму затоа дозволете им на вашите деца да го одржуваат тоа колку што е можно подолго пред општеството да почне да ги обликува со своето трендови и стандарди во модните списанија.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар