3 моќни пијалаци кои веднаш ќе ви ја вратат енергијата во телото

Постојано зафатени со обврски и константно соочувајќи се со стресни ситуации, на сите им се случува на крајот на денот да чувствуваат неверојатна изнемоштеност. А тогаш луѓето немаат желба за ништо и за никого. Но што ако постои пијалак направен од природни состојки кој може да ви ја врати енергијата? А што ако постојат три?

1. Зелена возвишеност

3-mokjni-pijalaci-koi-vednash-kje-vi-ja-vratat-energijata-vo-teloto-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 8 стебленца кељ
  • 2 зелени јаболка
  • 2 зелени круши
  • 1 краставица
Начин на подготовка:

Откако сите состојки ќе се измешаат заедно во блендер, пијалакот се остава да се олади во фрижидер. По 20 мин. се ужива во ладен и свеж, целосно природен, енергетски пијалак.

2. Мешавина со цвекло

(2)-3-mokjni-pijaloci-koi-vednash-kje-vi-ja-vratat-energijata-vo-teloto-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 6 излупени моркови
  • 4 излупени цвекла
  • 2 црвени јаболка
  • Неколку резанки излупен ѓумбир
  • Куркума (по желба)
Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат заедно во блендер, па пијалакот се остава да се олади во фрижидер. По половина час се ужива во овој неверојатно освежителен пијалак.

3. Чај од лаванда

(3)-3-mokjni-pijaloci-koi-vednash-kje-vi-ja-vratat-energijata-vo-teloto-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 4 гранчиња лаванда или 25 г истолчена лаванда
  • 2 гранчиња нане
  • Мед или природен шеќер
  • Лимон
  • Неколку резанки излупен ѓумбир (по желба)
Начин на подготовка:

Зовријте малку вода во тенџере. Додадете го шеќерот во зовриената вода и мешајте додека не се стопи. Доколку е премногу благо додадете го лимонот. Додадете ја лавандата и убаво мешајте. По една минута додадете го нането и така добиената мешавина оставете ја да врие неколку минути. Пробувајте повремено додека се добива сѐ поинтензивен мирис и вкус. Откако ќе се свари чајот, истурете го низ цедалка во чаша полна со мраз и уживајте.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар