3 модели на машки очила за сонце кои се модерни оваа зима

Кој вели дека очилата за сонце се носат само во лето? Негата на кожата околу очите, како и на самите очи во зимскиот период е многу важна, затоа што тие се почувствителни поради ветрот и ниските температури. Покрај тоа што тие ве заштитуваат за време на сончевите зимски денови, благодарение на нив ќе изгледате уште подобро. Од друга страна пак, очилата за сонце без сомнение претставуваат одличен моден додаток за која било комбинација што ја носите на вас.

3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зима

За класичните мажи

3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зима

Доколку најмногу се пронаоѓате во класичниот стил, тогаш одлучете се за ваков вид очила за сонце. Овој модел е комбинација од горен дел со изразена рамка и долен дел без рамка околу стаклата. Бојата секако можете да ја одберете според личните афинитети.

За модерните мажи

3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зима

Ако преферирате модерен стил на облекување, тогаш овој модел на авијатичарски очила за сонце е вистинскиот избор за вас. Одбирајте темни бои кои повеќе одговараат на зимскиот амбиент, а сами одлучете дали ќе носите модел со изразена рамка или со помалку впечатлива рамка.

За авантуристите

3 модели на очила за сонце кои се модерни оваа зима

Ако сакате да експериментирате и имате храброст да носите впечатливи модели, тогаш одлучете се за овој модел со голема правоаголна рамка или со впечатлива, матирана црна рамка. Што и да одберете, нема да зажалите.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар