3 многу обични, а сепак помалку познати начини да си го зајакнете имунитетот во зима

Ладните денови носат настинки, болки во грлото и воспаленија на синусите, а кога ќе опадне имунитетот, напаѓаат вирусите и бактериите. За среќа витамините не се единствениот начин да го одбраните организмот од болести. Испробајте ги овие 3 тркови кои гарантирано ќе ви го подигнат нивото на имунитетот.

3 многу обични, а сепак помалку познати начини да си го зајакнете имунитетот во зима

Бакнувајте се – Ако ви е затнат носот, бакнувајте се, бидејќи бакнувањето го олеснува дишењето, а што подолго трае, одбранбената моќ на организмот станува поголема. И телесната температура се зголемува, па на заљубените често им е топло и не чувствуваат дека рацете и образите им замрзнуваат на надворешниот студ.

Слушајте музика – Започнете го денот со вашата омилена мелодија која ќе ви даде јака доза позитивна енергија и однапред ќе ви го ублажи стресниот ден. Музиката смирува, го подобрува памтењето и концентрацијата.

Шетајте – Никој не сака да излегува надвор кога температурата е под нулата, но постојаното излежување во затворена, топла просторија е многу опасно по здравјето. Секојдневно би требало да шетате на свеж воздух најмалку 20-30 минути, добро да се загреете и да се наоружате со пријатни мисли кои ќе ви ја загреат душата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар