3-минутно правило: Најголемата грешка што ја правиме после туширањето!

3-минутно правило: Најголемата грешка што ја правиме после туширањето!

Да водите правилна нега за вашата кожа е исклучително важно. Редовното чистење и хидратизирање е само еден од начините на кои би требало да ја негувате. Но, ако имате други проблеми со кожата, вашите дневни ритуали можеби ја уништуваат без да бидете свесни за нивното лошо влијание.

1-praviloto-na-3-minuti-najgolemata-greshka-koja-ja-pravime-posle-tushiranjeto-www.kafepauza.mk_

Туширањето има големо влијание врз вашата кожа, почнувајќи од времето кое го поминувате под тушот, па сè до начинот на кој го миете вашето тело. Затоа е важно да ја пронајдете вистинската рутина која ѝ одговара на вашата кожа.

Дали знаевте дека она што ѝ го правите на вашата кожа после туширањето е подеднакво важно, можеби и поважно отколку самото туширање? Единствената грешка која поголемиот дел од жените ја прават после туширањето, а што ја уништува кожата е предолгото чекање да нанесат хидратантна крема или пак, ако воопшто не ја нанесат. Всушност, после туширањето порите се шират заради пареата и топлината во бањата и важно е да се задржи водата што влегува во нив.

2-praviloto-na-3-minuti-najgolemata-greshka-koja-ja-pravime-posle-tushiranjeto-www.kafepauza.mk_

„Клучно е таа вода да ја задржите во телото со нанесување на хидратантна крема во рок од 3 минути по излегувањето од тушот“, вели дерматологот Синтија Бајли.

Чекањето повеќе од 3 минути за да нанесете хидратантна крема после туширањето ќе предизвика губење на влажноста во вашата кожа. Затоа, секогаш држите шишенце со крема во вашата бања и нанесете ја 1 минута после туширањето за да имате здрава и хидратизирана кожа.

Кога сме кај туширањето, погледнете кои се придобивките од туширањето со топла, а кои со ладна вода?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар