3-минутна вежба која ќе ви го подобри држењето на телото

Сигурно веќе се навикнавте на новата година, па токму затоа и можеби е време да обрнете внимание на оној проблем кој сите ние имаме тенденција да го игнорираме: држењето на нашето тело! Тоа е особено многу важно за оние кои по цел ден седат пред компјутер, без разлика дали учат, работат или едноставно одмараат на тој начин.

3-минутна вежба која ќе ви го подобри држењето на телото

Тоа што многу луѓе не го разбираат е дека исправеното седење е всушност лошо за вас, најмногу затоа што предизвикува многу стрес на вашиот ‘рбет. Но, уште полошо е кога лошото држење на телото може да води до проблеми со заспивање и згрбавување. За среќа, постојат 3-минутни вежби кои можат лесно да ви помогнат да се справите со овој проблем.

Имајте на ум дека и покрај тоа што овие вежби имаат инстантни резултати, тие кратко траат. Со цел да ја поправите штетата која со години сте ја нанесувале на вашето тело, ќе мора да вежбате 2 пати дневно, еднаш наутро и еднаш навечер, барем еден месец. Дури потоа овие подобрувања ќе почнат да добиваат подолготрајни резултати.

Важно: Овие вежби не треба да се сметаат како лек за проблеми со ‘рбетот. Не го гледајте ова видео како медицински совет. Доколку искусите каква било болка или непријатност, веднаш посетете го вашиот доктор.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар