3 мали инвестиции за голема и долготрајна љубовна врска

3 мали инвестиции за голема љубов и долготрајна врска

Иако секоја љубовна врска бара огромна посветеност и труд, сепак постојат и неколку мали и едноставни трикови кои можат да ја зацврстат вашата поврзаност без многу мака. Овие 3 се едни од нив, со чија помош вие ќе можете малку да инвестирате во вашата врска, а да добиете многу повеќе. Погледнете за што точно станува збор…

3 мали инвестиции за голема љубов и долготрајна врска

1. Одвојте еден момент (или повеќе) во текот на денот каде што тој/таа ќе го има вашето целосно внимание. Без разлика дали станува збор за едноставен поглед, за кратко изјавување љубов или пак, за слушање и споделување на неговите/нејзините радости, вие секојдневно треба да наоѓате барем малку време во денот кое ќе го посветите исклучиво за вашиот партнер. Бидете целосно присутни кога гледате заедно телевизија, разговарајте додека подготвувате вечера или пак, прегрнете се додека лежите во кревет и размислувате на утрешните обврски.

2. Не заборавајте во текот на денот барем еднаш да го/ја бакнете, прегрнете или пак, на кој било друг начин да го/ја допрете. Исто како што имаме потреба за храна, така сите ние имаме внатрешна потреба за човечки допир. Кога тоа не се добива, секоја личност почнува да страда од нешто што се нарекува „гладна кожа“. Тоа најчесто им се случува на оние кои се сами или пак, немаат никој во близина кој би можел да им ја оствари оваа потреба, но исто така може да им се случи и на оние кои живеат под ист покрив доколку не внимаваат. Оваа состојба води кон емоционални и физички проблеми, како депресија, болка и анксиозност.

3. Постојано изразувајте ја вашата благодарност за неговото/нејзиното присуство во вашиот живот. Признавањето дека некоја личност ви значи толку многу е прекрасно, како за вас така и за него/неа. Со тоа ќе доживеете многу позитивни емоции и среќа, но исто така ќе ви помогне и многу подобро да се однесувате кон вашиот партнер, како и да ја зацврсти вашата предаденост и ценење за него/неа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар