3 магични комбинации кои одговараат на секоја форма на тело

Ги знаеме основните форми на женското тело како и фактот дека ако направиме грешка при изборот на облека за нашата фигура, можеме да постигнеме несакан резултат – да ги изразиме недостатоците наместо предностите. Но постојат парчиња облека кои помагаат да се истакнат предностите без разлика на обликот на вашето тело.

За на училиште

Оваа комбинација е совршена за на училиште или факултет, кога одите во библиотека или читална, како и за кафе со колегите за време на пауза. Одберете подолга кошула со колан за да го истакнете струкот како и хеланки или фармерки. Облечете и џемпер доколку е поладно и завршете го изгледот со едноставен, женствен накит. Целта е да изгледате нежно и женствено, да ги истакнете предностите на своето тело, но да не биде провокативно и невкусно.

3 магични комбинации кои одговараат на секоја форма на тело

Која е тајната?

Широката кошула со тесен каиш е главната тема во овој изглед. Доколку немате изразени облини, истакнувањето на струкот со помош на каиш визуелно придонесува за форма на песочен часовник.

За на работа

Едноставен, секојдневен бизнис-изглед. Панталони, бела кошула или блуза и едноставно еднобојно сако. Едно парче впечатлив накит за да разбие монотонија, едноставна црна чанта и не толку високи потпетици совршено го надополнуваат овој изглед.

3 магични комбинации кои одговараат на секоја форма на тело

Која е тајната?

Важно е сакото. Тоа е универзално парче облека. Струкираното сако ја изразува вашата женственост со вкус.

Вечерни забави

Вредната девојка после работа или училиште заслужува одмор и забава. Штом дојде викендот изразете ја максимално вашата женственост во црн струкиран фустан, високи потпетици, дизајнирани хулахопки и ташничка со интересен принт.

3 магични комбинации кои одговараат на секоја форма на тело

Која е тајната?

Слично како широката кошула, и овој модел на фустан го изразува вашиот струк и ги крие недостатоците. Доколку имате големи гради, но и се борите со мастите на стомакот, фустанот на магичен начин ќе ги стави градите во прв план, засенувајќи го она што сакате да го скриете.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар