3 здравствени грешки што жените ги прават почесто од мажите

Грижата за сопственото здравје секогаш треба да биде на врвот на листата со приоритети. Редовни лекарски прегледи, вежбање, здрава исхрана и препознавање на симптоми за одредени болести се од исклучителна важност за вашето здравје. Скоро сите ние го знаеме тоа, но сепак и понатаму грешиме кога е во прашање нашето здравје. Ви откриваме 3 здравствени грешки кои жените ги прават многу почесто за разлика од мажите.

1-3-greshki-vo-vrska-so-zdravjeto-koi-zhenite-gi-pravat-pochesto-od-mazhite-www.kafepauza.mk_

1. Не го сфаќате сериозно здравјето на вашето срце

Многу жени сметаат дека срцевиот удар е здравствен проблем кој попрво ќе им се случи на мажите отколку ним. Меѓутоа, жените се исто така изложени на голем ризик од срцев удар. Поголемиот дел сметаат дека се премлади и не даваат важност на симптомите кои ги чувствуваат дури и ако во семејството имаат личности со кардиоваскуларни проблеми. Според истражувањата, жените помлади од 50 години кои се примени во болница заради симптоми на срцев удар имаат помали шанси за преживување отколку мажите кои минале низ истото.

„Ако станува збор за срцев удар, најдобриот начин да си помогнете е што побрзо да побарате помош од доктор. Во истиот момент штом почувствувате болка, потребно е да побарате помош од доктор. Во последните неколку години, личностите кои бараат помош веднаш по првите симптоми се почести, што укажува на тоа дека луѓето стануваат посвесни и поодговорни кога е здравјето на срцето во прашање“, вели докторот и професор, Јуре Мират, од поликлиниката Кардиотон.

2. Ја „контролирате“ телесната тежина со облека

Ретко која жена има волја за секојдневно мерење, па најчесто тежината ја контролираме набљудувајќи како ни прилега одредена облека. Ова е класичен женски метод за контролирање на килограмите и најчесто не е лош, но ако одредени здравствени проблеми од вас бараат правилно следење на тежината, тогаш не ги избирајте овие методи. Тоа што вашите омилени фармерки кои се стари неколку години сјајно ви прилегаат не значи дека немате некој килограм вишок кој на некој начин влијае врз вашето здравје. Од друга страна, само затоа што можете да ги облечете фармерките не значи и дека не ви е потребна промена на исхраната. Кога е здравјето во прашање, добро е да се мерите барем еднаш месечно за да знаете каква е точната ситуација со вашата телесна тежина, а пред ригорозните диети би било добро да се посоветувате со вашиот доктор, а не со облеката.

3. Го користите интернетот за медицинска дијагноза

Кога ќе почувствуваме некои чудни болки или ќе забележиме необични промени на сопственото тело, поголемиот дел од нас прво ќе се посоветуваме со виртуелните доктори за да се обидеме да откриеме во што е проблемот. Честопати самите на себе си поставуваме дијагноза врз основа на информациите што сме ги пронашле на интернет и сметаме дека самите можеме да се излекуваме. Според податоците на истражувачките центри, жените водат во оваа навика. Лесните здравствени проблеми можеби и можете да ги решите со помош на интернетот, но поставувањето дијагноза без стручно мислење кога се во прашање потешките симптоми единствено може да доведе до поголем проблем.

Ви предлагаме да откриете кои грешки ви го уништуваат здравјето, а сигурно сте ги направиле во последните 60 минути.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар