3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот покомплициран

3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот покомплициран

Жените денес се соочуваат со големи предизвици. Тие најчесто треба да балансираат многу нешта одеднаш – да бидат мајки, сопственички на бизнис, сопруги, партнерки, волонтерки, пријателки… Понекогаш тежината од сите тие титули може да ја прелее чашата. Исполнетиот живот е забавен и конструктивен, но со себе носи и многу стрес или чувство дека не ги држите сите конци во свои раце. Како жени, можеме многу лесно да паднеме во стапицата која нè тера понекогаш да се однесуваме спротивно на она како се чувствуваме, што предизвикува дополнителен стрес.

(1) 3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот постресен

Но, тоа не мора да биде така. Можеби е време да ги замениме или надминеме условите кои ни се дадени како пример по кои треба да живееме. Треба да се ставиме себеси во преден план и да се прашуваме многу почесто што навистина сакаме и да се обидеме да го креираме нашиот живот според нашите желби и идеали. Дали тоа лесно ќе го постигнеме? Секако, не. Голем број успешни жени, кои успеале да ги остварат своите соништа преку макотрпна работа и предизвиците да ги претворат во можности, посочуваат дека на патот до успехот постојат три „стапици“ во кои жените најчесто паѓаат. Затоа, за полесно да стигнете до вашите цели обидете се да ги избегнете овие три грешки:

1. Сакате сè да сработите сами

(2) 3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот постресен

Жените можат да го дадат најдоброто од себе кога соработуваат меѓусебно. Секоја жена си има свој пат и секое патување е различно, но потребно е да се разменуваат искуства и да се црпе мудрост од искуствата на другите. Преку отвореност и подготвеност да ги споделите своите знаења и искуства, ќе станете подобри, но и ќе помогнете на некоја друга жена да успее на својот пат. Конкурентноста и постојаните грижи дека некој друг е подобар од вас нема да ви помогне на подолг рок, ниту пак на вашата околина. Затоа, наместо завист, развијте во вас желба за соработка. Размислете како вие и жените со кои имате исти страсти и цели може да си помогнете и да дојдете до посакуваниот успех.

2. Не барате помош

(3) 3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот постресен

Жените се под голем притисок да се докажат пред себеси, пред семејството, на работа, пред пријателите. Но, доколку сакате нештата да станат реалност и да го живеете животот од вашите сништа, понекогаш мора да побарате помош и да ја прифатите кога ви е понудена. Тоа во голема мера ќе ви помогне да се ослободите барем од мал дел од стресот и да се фокусирате на позитивните работи. Успешните жени, кои ги остваруваат своите сништа, знаат дека ги немаат во себе сите одговори и го прифаќаат фактот дека не можат да знаат сè. Тие се опкружуваат со луѓе кои размислуваат слично како нив, кои придонесуваат за колективен развој и ги споделуваат ресурсите кои им помогнале. Вистински успешните жени веруваат оти тие заслужуваат да добијат поддршка и помош, поради што многу често инвестираат во ментори кои ќе им помогнат да го изодат патот кој го трасираат пред себе.

3. Не се грижите за своето здравје

(4) 3 грешки со кои паметните и грижливи жени си го прават животот постресен

Жените треба да се стремат да го дадат најдоброто од себе, но не по цена на нивното здравје. Доколку во поодминатите години од животот, сакате кон своето минато да погледнете без жалење за некои одлуки што сте ги направиле, запомнете дека постојано треба да се грижите за себе и за својата здравствена состојба. Не го потценувајте значењето на времето поминато сами со себе. Погледнете во својата душа и ќе добиете многу појасна слика, како за вас така и за сите нешта наоколу. Колку повеќе енергија, време и внимание си посветувате себеси, толку подобро ќе можете да се грижите и за останатите луѓе. Без оглед дали чувствувате дека сте премногу силни, не заборавајте дека никогаш немате време „сè да направите сами“.

Вие сте одговорни за вашиот живот

Ако долго време се чувствувате истоштено или верувате дека не го постигнувате успехот кој го посакувате и барате излез од ситуацијата во која постојано се вртите во круг, тогаш опкружете се со жени кои имаат исти или слични цели и идеи за животот и за успехот. Со заеднички сили и размена на искуства полесно ќе дојдете до посакуваните одговори на некои прашања кои можеби одамна ве мачат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар