3 едноставни рецепти за убавина со фантастично дејство

Брзиот начин на живеење и секојдневниот стрес си го зимаат данокот на нашиот изглед. Сепак, не треба да очајувате и да купувате скапи производи кои наводно можат да ви помогнат. За да се изборите со овие проблеми, можете да си подготвите и неколку природни препарати.

3 едноставни рецепти за убавина со фантастично дејство

Регенератор

Веќе одамна е познато дека од маслиновото масло има многубројни здравствени придобивки. Маслиновото масло ѝ го враќа сјајот на косата и го спречува испукувањето на врвовите. За да го користите како регенератор, потребно е да намачкате околу 30 мл маслиново масло на вашата коса. Секако, доколку имате подолга и погуста коса, може да ви биде потребно и повеќе. Откако ќе ја намачкате косата со маслото, замотајте ја во топол пешкир и оставете ја 45 минути. На крајот измијте ја со шампон (ако треба и повеќе пати, за да падне маслото). Косата исушете ја со пешкир и не користете фен.

Маска за лице

Маската од мед, цимет и мускантно оревче ја смирува кожата, а покрај тоа и фантастично мириса. Медот и мускантното оревче имаат природни антивоспалителни дејства, кои ќе го намалат црвенилото и отоците на лицето. Покрај тоа, овие две состојки ги смируваат акните и спречуваат да се создадат инфекции во иднина. Мускантното оревче и циметот делуваат како пилинг при измивање на маската. Пред нанесувањето, секогаш тестирајте ја маската на некој друг дел од телото, за да се уверите дека нема да имате алергиска реакција на некоја од состојките.

За да ја направите маската, помешајте 30 мл мед со лажичка цимет и мускантно оревче. Маската нанесете ја на лицето, а после половина час измијте ја со млака вода правејќи кружни движења.

Пилинг за тело

Помешајте 110 грама кафен шеќер, лажичка мед, малку маслиново масло и сок од половина лимон. Пилингот протријте го на телото и потоа измијте го. Тој ќе ви помогне да се ослободите од мртвите клетки на кожата, која ќе ви стане нежна и мазна.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар