3 едноставни летни пијалаци кои ќе ве освежат во жешките денови

Наместо да се ладите со помош на клима уред, вентилатор или да купувате некои вештачки производи кои ви гарантираат освежување, телото ќе ви биде благодарно доколку го почестите со домашно подготвени пијалаци. Ова се рецептите за 3-те пијалаци кои не само што го ладат телото, туку и ја регулираат телесната температура и ги чистат токсините од организмот.

1. Пијалак од јогурт и вода

3 едноставни летни пијалаци кои ќе ве освежат во жешките денови

Дуото вода и јогурт, познато под името „ласи“ е традиционален индиски пијалак, кој е идеален за секој дигестивен систем благодарение на пробиотичките бактерии, а со неколку сочни парчиња овошје тој ќе стане вашиот омилен пијалак во летниот период.

Потребни состојки:
  • 200 милилитри јогурт
  • 200 милилитри вода
  • 1 лажичка мед или јаворов сируп
  • 170 грама исечкана диња
  • 170 грама боровинки или рибизла
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека смесата не стане кремаста. Ставете го пијалакот во фрижидер и кога ќе ве удри бран на топлина, напијте се неколку голтки. Не заборавајте дека јогуртот исто така е одличен и за слабеење, така што овој пијалак ќе ви помогне и да ја одржите вашата форма.

2. Вода со краставица и нане

3 едноставни летни пијалаци кои ќе ве освежат во жешките денови

Главниот борец против топлината од зеленчуците е краставицата која изобилува со вода, а освен тоа што разладува, во телото делува како замислена метла која ги чисти сите токсини. Покрај пријатниот вкус, ливчињата од нане ќе ја ароматизираат обичната вода и ќе ги испуштат нивните својства за ладење кои го смируваат телото и го одржуваат неговиот баланс.

Потребни состојки:
  • 1 литар ладна вода
  • 1 свежа краставица
  • Неколку ливчиња свежо нане
Начин на подготовка:

Исечкајте ја краставицата на крукчиња и задолжително оставете ја кората, па додајте ја во водата заедно со исечканите ливчиња нане. Ставете две до три парчиња краставица и оставете ја да се олади во фрижидер. Доколку сакате да ги изненадите гостите со нов пијалак, можете во сад со вода да ги ставите ливчињата нане, да ги замрзнете, па потоа како мраз да ги додадете во водата со краставица.

3. Пијалак со ѓумбир

3 едноставни летни пијалаци кои ќе ве освежат во жешките денови

Иако сметаме дека пикантната и лута арома на лековитиот ѓумбир, воопшто не звучи примамливо за високите температури, неговото дејство е сосема спротивно. Имено, ѓумбирот помага во регулацијата на телесната температура.

Потребни состојки:
  • 1 литар минерална вода
  • Свеж сок од лимета
  • 30 грама изрендан ѓумбир
  • 10 грама нане, исечкано
  • 1 лажичка мед
Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и добро измешајте. Оставете го пијалакот да се олади во фрижидер и консумирајте го секогаш кога ќе почувствувате жед.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар