3 делови на телото од кои не смеете да ги вадите влакненцата со пинцета

3 делови на телото од кои не смеете да ги вадите влакненцата со пинцета

Кога ќе забележиме влакненце на некое непосакувано место најчесто веднаш посегнуваме по пинцетата, но во овие случаи не би требало да го направиме тоа. Во продолжение дознајте кога пинцетата мора да ја замените со ножички, и наместо вадење на влакненцата едноставно истите да ги скратите.

1-3-delovi-od-teloto-od-koi-ne-smeete-da-gi-vadite-vlaknencata-so-pinceta-www,kafepauza.mk_

1. Бенки

Вадењето на влакненцата кои растат од бенка или непосредно околу неа може да предизвика воспаление, па дури и инфекција на бенката доколку при користењето на пинцетата ја повредите нејзината површина.

2. Брадавици

Градите, генерално гледано, се доста чувствителни, а брадавиците се нивниот најчувствителен дел. Вадењето на влакненцата околу брадавиците со пинцета може да ја надразни чувствителната кожа на тој дел од телото и да ја оштети фоликулата на влакната.

3. Нос

Влакненцата во носот имаат важна улога за нашето здравје, па затоа не смеете да ги отстранувате на кој било начин, а особено не со чупање. Тие спречуваат прашината и разните бактерии да навлезат во нашиот нос. Ако сепак ви пречи некое влакненце, само малку скратете го со ножички и притоа бидете внимателни да не се повредите.

Смачено ви е постојано да ги отстранувате влакната? Ослободете се од несаканите влакна без депилација, еднаш за секогаш!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар