3 чекори со чија помош можете да станете подобар проценувач на карактери

3 чекори со чија помош можете да станете подобар проценувач на карактери

Секој човек барем еднаш во својот живот може да направи лоша проценка на нечиј карактер што понатаму може да доведе до разочарување. Доколку не сте процениле некого добро, не сте единствени. Повеќето луѓе поминале низ истото. Но, тоа не значи дека нема начин на кој можете да се подобрите. Сè што е потребно е да научите како да го дешифрирате карактерот на луѓето. Погледнете ги следниве 3 чекори кои ќе ви помогнат да го сторите тоа.

1. Вратете се назад

Дали сте забележале како темата за која разговарате може да влијае врз вашиот впечаток за соговорникот? Вие сте толку фокусирани на овој разговор, што вашиот мозок работи премногу брзо со цел да открие што сè се кажува. Или пак, наместо да се фокусирате на разговорот, вие се фокусирате целосно врз вашите чувства и мисли за што другата личност можеби чувствува за вас во овој момент. И поради тоа целосно ја игнорирате личноста која стои пред вас.

Токму затоа следен пат кога ќе започнете со разговор, каков било разговор, направете еден чекор наназад (метафорично) и наместо зборовите или емоциите, фокусирајте се на тонот на гласот. Дали зборовите на соговорникот соодветствуваат со тонот со кој се изговорени? Погледнете го говорот на телото. Како ги користи тој или таа рацете за гестикулирање или пак, дали телото му/ѝ го отсликува зборувањето. Исто така погледнете и во нивните лица. Што се обидуваат нивните фацијални експресии да ви кажат?

2. Откријте ги вашите намери

Дали навистина ја сакате оваа работа? Толку многу што би се фокусирале на добрите нешта што работодавачот ви ги зборува, наместо да ги земете во предвид и негативните аспекти? Дали навистина сакате да сте во врска со оваа личност? Толку многу што можеби го игнорирате фактот што не добивате одговор на пораките, ниту пак труд за состаноците како што вие тоа го правите за него или неа. Има една изрека која вели: „Купувањето храна не е добра идеја доколку сте гладни.“ Ако нешто претерано многу сакате, вашите желби се попречуваат на патот кон разумното размислување. Но, како да се справите со овој проблем?

  • Направете пауза. Кога донесувате одлуки, дозволете си барем 5 минути да здивнете. Уште подобро би било ако имате време и да преспиете. Кога станува збор за големите одлуки, никогаш не брзајте. Нетрпеливоста може да ви донесе брзи резултати, но не и резултати во кои би уживале долготрајно.
  • Медитирајте. Медитацијата ви дозволува да го погледнете вашиот живот од птичја перспектива и да видите што навистина се случува околу вас.
  • Испитајте ги вашите желби. Откријте што сакате, а потоа напишете ги сите овие мисли. Не само добрите, туку и лошите страни на сите ваши намери со цел да можете да добиете подобра слика за нештата.

3. Слушајте го внатрешниот глас

Знаете за кој глас станува збор. Оној кој ве тера да одите по подолгиот пат на работа наместо да бидете заглавени во сообраќај на краткиот. Тоа е оној кој ве нервира кога сè околу вас е совршено, велејќи ви дека нешто не е во ред. Како и оној кој ви вели да ги зграпчите сите можности кои ќе ви излезат патот, дури и ако во моментов ви немаат смисла. Тој глас не е само интуиција, туку е и несвесна реакција на туѓиот говор на телото. Во вашиот несвесен ум постојат многу нешта кои можеби сè уште не сте ги забележале, па токму затоа и тие преку овој внатрешен глас се обидуваат да испливаат на површина.

Но, внимавајте да не ги измешате гласовите во вашата глава. Стравот исто така има тенденција да ви зборува. Исто како и желбите. Но, и логиката. Токму затоа обрнете подобро внимание на вашата внатрешност со цел да дознаете што точно доминира во вас во моментот. Доколку успеете да го изолирате вистинскиот внатрешен глас, тој секогаш ќе биде во право. Токму затоа слушајте.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар