27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

Најчесто со цел да го истакнеме најдоброто од нас, се концентрираме на големите работи, не обрнувајќи им внимание на ситниците. Всушност малите работи се оние кои ја создаваат големата слика за нас. Еве на што треба да обрнете внимание доколку сакате лесно да ги импресионирате луѓето околу вас.

27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

1. Облекувајте се добро

Како изгледате е она што луѓето го забележуваат најпрво. Доколку сакате да импресионирате некого или да освоите нечии симпатии, ставете акцент на вашата облека како и на целокупниот изглед. Луѓето ги прават првите претпоставки за вас уште пред да отворите уста. Средената и чиста гардероба, како и професионалниот изглед, играат голема улога во интервју за работа, на пример.

2. Пристигнувајте на време

Со вашето доцнење покажувате незаинтересираност и непрофесионалност. Пристегнувањето на време и одговорноста, создаваат многу позитивна слика за вас како личности.

27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

3. Не ги прекршувајте дадените ветувања

Не ветувајте нешто што не можете да го исполните, не им давајте лажни надежи на другите бидејќи сето тоа може да резултира со незадоволство и фрустрација. Ако дадете ветување, направете сè што е во ваша моќ да го исполните.

4. Почитувајте ги другите

Почитувајте ги сите – вашите родители, деца, роднини, пријатели, претпоставени, луѓе кои работат за вас, дури и оние кои ги среќавате на улица, а воопшто не ги познавате. Почитувајте ги и постарите и помладите од вас, и оние со кои делите исто мислење како и оние кои мислат спротивно, едноставно бидете човечни.

5. Бидете инволвирани

Кога сте посветени на нешто, бидете посветени целосно. Без разлика дали станува збор за вашата работа, проект на кој работите, организација каде членувате. Што и да правите, дајте го максимумот од себе.

6. Бидете љубезни

Магичните зборови се „ве молам“, „ви благодарам“… Никогаш не ги заборавајте. Љубезноста секогаш ве претставува во позитивно светло.

7. Смејте се често

Сигурно сте чуле дека животот е огледало – ако му се насмееш ќе ти врати со насмевка. Насмевката и позитивноста се рецепт за успех и среќа. Насмевнете му се дури и на оној кој не е љубезен со вас, веднаш ќе ја почувствувате разликата.

27 работи со кои несвесно ги импресионирате оние околу вас

8. Оставете го вашиот телефон на мира

Кога разговарате со некого, прилично е некултурно па дури и навредливо кога постојано гледате во вашиот телефон. Оставете го телефонот и целосно посветете му се на оној со кого разговарате. Така покажувате почит и заинтересираност.

9. Бидете верни

Не само на вашиот партнер или сопруг/а, туку бидете верни на секого и сè, така покажувате дека сте личност со принципи и личност на која другите можат да се потпрат.

10. Пружете ја потребната поддршка

Поддржете ги вашите деца, вашите родители, пријатели, вработени и сл. Посветете им внимание на другите и дајте им ја потребната мотивација. Верувајте, тоа значи многу.

11. Личната хигиена е задолжителна

Хигиената игра важна улога во тоа каков впечаток оставате. Чистата облека, свежиот здив и убавиот мирис зборуваат наместо вас.

12. Зборувајте јасно и одржувајте контакт со очите

Не дозволувајте си да ви шета погледот наоколу додека разговарате со некого. Гледајте ја личноста во очи и зборувајте јасно, приспособувајќи ја интонацијата според ситуацијата. Така покажувате дека сте заинтересирани за разговорот и дека ја почитувате личноста со која зборувате.

13. Внимавајте како џвакате мастика

Начинот на кој ја џвакате мастиката може да биде примерен или крајно иритирачки и некултурен. Не џвакајте гласно и со отворена уста, не џвакајте додека зборувате и што е најважно од сè, не заборавајте дека постојат многу ситуации во кои џвакањето мастика воопшто не е соодветно.

14. Имајте смисла за хумор

Со мала доза хумор може да подобрите нечие расположение и да зрачите со позитивност. Хуморот не е на одмет сè додека никого не навредува ниту пак е претеран.

15. Внимавајте на физичкиот контакт со другите

Доколку личноста ви е блиска, секако дека ќе ја поздравите со прегратка и бакнеж. Но ако сте на деловен разговор, на пример, соодветно е ракување. Одржувањето правилен физички контакт со другите е многу важна техника. Кога зборувате со некого, не навлегувајте во приватниот простор на личноста, но не се ни оддалечувајте многу за да не изгледате ладни и незаинтересирани. Најдете некаков баланс и употребувајте гестикулации.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар