26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 години

26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 години

Дваесет и шестата година од животот е преодна за голем број луѓе. Од деца, треба полека да стануваме возрасни. На оваа возраст треба да почнеме да размислуваме самостојно и да го градиме патот по кој ќе се движи нашиот живот. Ова е сложен период за човекот, бидејќи до неодамна сме биле во студентските клупи и родителите ни пуштале некој денар за џепарлак, а сега наеднаш треба да размислуваме за кариера, за стабилна работа, за вистинската љубов, па и за формирање брак и создавање семејство. Сите овие прашања го оптоваруваат мозокот, но паралелно и нè учат на многу животни лекции кои ќе ни користат во подоцнежните години.

Прочитајте ги овие 26 лекции и сумирајте го вашето досегашно искуство. Потсетувањето за она што сте го научиле досега, понекогаш е важно колку и прифаќањето на следниот предизвик.

26 животни лекции кои треба да ги научите до 26 години

1. Да се биде возрасен човек може да биде забавно, само доколку никогаш не заборавите како се однесувавте кога бевте дете.

2. Физичкиот изглед нема никаква врска со љубовта. Врските се градат врз основа на доверба, истрајност, почит и внимание.

3. Насмевките, солзите, задоволството и гневот се фундаментални состојби во нашиот живот. Тие нè прават она што сме – луѓе.

4. Најголемите вистини во животот ќе ги откриете ако сте непрекинато свесни за светот околу вас.

5. Алчноста и користољубието ги уништува и најголемите среќници.

6. Лоши работи им се случуваат и на добрите луѓе.

7. Градењето на вашиот сопствен пат е интелигентна одлука, само доколку никој до сега не стигнал токму онаму каде што сте упатени вие.

8. Скептицизмот е предизвикан од недостаток на знаење. Двоумењето е резултат на страв.

9. Времето ги лекува сите рани… без разлика како се чувствувате во моментов.

10. Во поголемиот дел од времето, она што го барате, се наоѓа точно пред вашите очи.

11. Здравјето е најбитната работа во вашиот живот.

12. Шансите во животот се дар од Бога. Прифаќајте ги шансите, секогаш кога ви се пружа прилика.

13. Љубезноста и напорното работење ќе ве однесат многу подалеку во животот отколку интелигенцијата.

14. Луѓето заслужуваат да им дадете втора шанса, но не и трета.

15. Стапете во брак со вашиот најдобар пријател.

16. Правете многу фотографии од вас и вашите блиски. Еден ден ќе ви биде многу мило за тоа.

17. Парите го олеснуваат животот, само ако тие се ваши и се „чисти“.

18. Неодговорноста е коренот на неуспехот.

19. Вашите постапки во сегашноста креираат спомени на кои ќе се присетувате во подоцнежните години од вашиот живот.

20. Излегувањето надвор од вашата „комфорна зона“ ќе им даде поинаква перспектива на работите, која не можете да ја увидите во моментов.

21. Мотивацијата надоаѓа во куси интервали. Реагирајте додека работата е „жешка“.

22. Намерното игнорирање на очигледното, е исто како да чекорите назад кон вашиот непријател.

23. Преку признавањето на вашиот неуспех, ќе ја изградите основата за вашиот следен успех.

24. Во 50% од случаите, првиот впечаток не игра никаква улога во натамошното креирање на односите.

25. Личното достоинство ќе ве грее цел живот.

26. Ако никогаш не реагирате, никогаш нема ни да ја дознаете вистината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Одлични совети. Фала што често постирате вакви животни лекции. Корисно е да се прочита нешто што ќе ти ги отвори очите кога мислиш дека се е црно -бело. 🙂

  2. NIKOLA Reply

    JA PA SI MISLEV ZAVRSENOO E SO MOJOT ZIVOT DOSEGA NISO NE SAM POSTIGNAL BITNO ZA COVESTVOTO 🙂 NEMA NI DA BIDE,, ONO VIJ IMAL SAM USE POLA GODINA I NEDELA VREME DA VIDAM MISLAM SO KAKO :p

Напиши одговор на Ивана Откажи одговор