26 начини да си го направите животот позабавен

26 начини да си го направите животот позабавен

Автор: Боро Мирчески

Помислете, доколку некој автор напише книга за вас, каков би бил насловот? Доколку немате никаква идеја, тогаш сигурно спаѓате во онаа категорија луѓе на кои животот им поминува монотоно, исполнет со секојдневни рутини, кои ви стануваат здодевни до тој степен што сакате да врискате на цел глас! Тоа не мора да биде така. Многу е важно сите да се чувствуваме исполнети од нашиот живот, и покрај бројните проблеми кои не опкружуваат, секое утро да се будиме со насмевка на лицето. Но, што е тоа што животот го прави забавен? Дали тоа за вас значи дека треба да станете шпион, да возите автомобил со екстремна брзина или да нуркате во океан?

26 начини да си го направите животот позабавен

Да, сето ова звучи и повеќе од забавно. Но, верувајте дека не мора да направите ништо драматично за животот да ви стане поинтересен и забавен. Убавината е во малите и едноставни работи, во промената на размислувањата… Ова се само дел од работите кои можат да ви помогнат да се чувствувате поисполнето. За да ја избегнете секојдневната рутина, треба да направите минимални промени во вашиот живот. Интернет-порталот за животни совети „LiveBoldandBloom“ ви посочува 26 начини според кои можете да си го промените животот на подобро:

1. Направете простор. Сигурно е тешко да додадете малку возбуда во вашиот живот и да ги промените секојдневните обврски. Затоа, делегирајте дел од обврските, а оние помалку важните оставете ги за во иднина. Со ова ќе си отворите простор да можете да правите нови и забавни работи во денот, кои досега не сте ги направиле.

2. Променете ја утринската рутина. Наместо да ја следите секојдневната утринска рутина, секое утро откако ќе се разбудите правете различни работи. За почеток, почнете да доручкувате на терасата. Исклучете го телевизорот и пуштете го радиото. Водете љубов со партнерот/партнерката пред да заминете на работа. Возете кон работното место секој ден по различен пат. Сето ова ќе придонесе за мала возбуда во вашето секојдневие.

3. Бидете домаќин на забава! Барем еднаш месечно поканете ги вашите колеги од работа, пријателите или деловните соработници на забава или вечера во вашиот дом. Неверојатно забавни се ноќите поминати во друштво.

4. Преуредете го вашиот дом. Променете го вашиот ентериер во домот. Не ве советуваме да купите нов мебел. Напротив, постоечкиот мебел наместете го по нов распоред. Додадете перничиња во нова боја на вашата гарнитура. Вазната од кујната, преместете ја во дневната соба.

5. Навивајте. Барем два пати месечно одете на спортски натпревар.

6. Променете го физичкиот изглед. Скратете ја косата, отидете во козметички салон или купете си нова гардероба. Не заборавајте со вас да го понесете и вашиот најдобар пријател.

7. Одете во ноќен клуб. Жалосно е новиот изглед да не се промовира во град. Штом дојде полноќ, излезете од дома и упатете се кон најблискиот ноќен клуб.

8. Запознавајте нови луѓе.

9. Планирајте возбудливо патување.

10. Секој ден научете нешто ново. Никогаш не е доцна да се запишете на курс за јазици или компјутери.

11. Зачинете го вашиот сексуален живот.

12. Поретко седете дома.

13. Одете на викенд-патување.

14. Возете спортски автомобил.

15. Излезете на „слеп“ состанок или организирајте изненадување за вашиот/та сакан/а.

16. Пробајте храна која досега ја немате пробано.

17. Прочитајте книга од жанр кој досега го немате читано.

18. Отидете на стенд-ап комедија.

19. На парче хартија запишете си ја визијата за животот.

20. Земете си домашно милениче.

21. Одете на рок концерт.

22. Одете на ноќно пливање.

23. Бидете љубезни со сите луѓе, дури и со луѓето кои не ги познавате.

24. Бидете љубопитни.

25. Не чекајте. Иницирајте.

26. Направете нешто за кое мислите дека немате храброст да го направите.

Дали сметате дека ова не се доволно работи кои може да ѝ стават крај на секојдневната рутина и да ви го направат животот позабавен? Кои се работите кои вас ве забавуваат?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар