26 изненадувачки примени на хипнотерапијата

Хипнотерапијата постои од 1400-тите. Оттогаш еволуирала, но сепак не се менува следејќи ги трендовите. Бидејќи многу пати се има докажано како функционална, хипнотерапијата повторно се прославува.

26 изненадувачки примени на хипнотерапијата

Сигурно се прашувате зошто со текот на времето нејзината популарност се намалила. Најголемата причина се холивудските филмови кои ја претставуваат хипнозата како морничава вуду техника која ја изведуваат чудни ликови. Поради ова, луѓето кои добиле навистина добри резултати со хипнотерапија, најчесто се срамат да кажат нешто.

Но бидејќи сме сведоци дека одредени терапии и тактики не функционираат за секого, со подоброто разбирање на човечкиот ум, хипнозата повторно се прославува. Хипнозата е природната состојба на постоење и е најдобрата состојба во којашто можете да направите трајни промени во вашиот живот.

Хипнотерапијата е терапевтски пристап создаден за постигнување специфични резултати во зависност од потребата на еден човек. Ова значи дека кој и да е вашиот проблем, хипнотерапијата влијае директно на него. Не ги прикрива симптомите, туку го третира самиот корен на проблемот.

Хипнотерапевтите ви помагаат да го отстраните „ѓубрето“ или работите кои ве влечат надолу. Овде спаѓаат стравови, ограничени верувања и стари негативни програми кои се заменуваат со нови верувања што ќе ве поддржуваат и ќе ви помогнат во животот.

Постојат многу примени за хипнотерапијата, но овие 26 се најважни. Првите 16 се генерални, додека последните 10 се медицински.

1. Родителство

2. Врски

3. Создавање граници

4. Ослободување од минатото

5. Комуникација

6. Прошка

7. Сочувство кон други луѓе

8. Самодисциплина

9. Самоконтрола

10. Справување со емоциите

11. Негативни мисли/негативно зборување со себе

12. Наоѓање цел

13. Наоѓање силни страни

14. Учење нова вештина

15. Навики за учење

16. Спортски перформанс

17. Депресија

18. Анксиозност

19. Посттрауматско стресно нарушување

20. Главоболки

21. Астма

22. Синдром на нервозни црева

23. Тинитус (зуење во ушите)

24. Гастроинтестинални нарушувања

25. Симптоми поврзани со рак

26. Контрола на болка, дури и за време на породување

Оваа листа е долга, но не е сеопфатна. Хипнотерапијата исто така покажала одлични резултати и кај болестите како церебрална парализа, мултиплекс склероза и мускулна дистрофија.

Доколку планирате да посетите хипнотерапевт, погледнете кои нешта можат да ви се случат.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар