25 задолжителни работи за бебе кои мора да ги имате дома откако ќе се породите

Сите родители со посебно возбудување се подготвуваат за доаѓањето на бебето на овој свет, а со желбата на своето малечко да му го овозможат најдоброто понекогаш може да се случи да претераат со листата за купување. Токму затоа, денес ви предлагаме листа со најважните работи кои морате да ги имате во домот после породувањето.

1-25-zadolzhitelni-raboti-za-bebe-koi-mora-da-gi-imate-doma-otkako-kje-se-porodite-www.kafepauza.mk_

Добро е да имате перниче за изнесување на бебето од болницата кое ќе ја одржи температурата на телото, но и ќе му подари сигурност. За префрлување на бебето од болницата неопходна е и детска количка. На листата со задолжителни работи се наоѓаат и детското креветче со соодветна постелнина и облека за новороденчето како што се, боди, комбинезони, чорапчиња и капи. Важно е сите ткаенини кои ќе ги ставате на телото на бебето да бидат направени од природни материјали, како што е стопроцентниот памук, кој нема да предизвикува алергиски реакции на кожата на малечкото, а сета облека да се пере со еколошки детергенти без омекнувач. За бебето ќе ви бидат потребни и пелени, без разлика дали ги преферирате еднократните или оние памучните со кои дополнително ќе можете да ги повиете колковите. Во продолжение погледнете ја деталната листа со 25 задолжителни работи кои морате да ги имате дома после доаѓањето на бебето од породилиштето.

  1. Детска количка
  2. Детско креветче
  3. Постелнина за креветчето
  4. Перниче за изнесување на детето
  5. Седиште за во автомобил
  6. Цуцла
  7. Шишенце за хранење
  8. Силиконска лажица
  9. Ножички за нокти
  10. Четка за косата и темето
  11. Аспиратор за нос
  12. Топломер
  13. Облека за бебе
  14. Пелени
  15. Када за бањање на бебето
  16. Еднократни подлоги за пресоблекување на детето
  17. Масло за бањање
  18. Влажни марамчиња
  19. Вата
  20. Чепкалки за уши со здебелен врв
  21. Фротирна наметка/пешкир
  22. Крема
  23. Стерилни гази
  24. Антисептик во спреј
  25. Физиолошки раствор
За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар