25-те најдобри професии за емпатите

25-те најдобри професии за емпатите

Кога ќе се најдат на погрешно место, емпатите се чувствуваат неисполнето и под стрес. Ова може емоционално да ги исцрпи и да им наштети на здравјето. Ако вие, како емпат работите поради љубов од работата, а не поради парите, важно е да ја пронајдете кариерата која одговара на вашиот темперамент.

25-te-najdobri-profesii-za-empatite-kafepauza.mk

Работи кои треба да ги знаете пред да ја одберете кариерата

Најмногу ќе напредувате во помали компании со помалку луѓе, наместо во големи корпорации полни со врева и разни енергии. Флексибилноста која ја нуди работењето од дома исто така ви одговара, бидејќи можете почесто да земате паузи и сами да го менаџирате вашето време.

Кои се најдобрите кариери за емпатите?

1. Самовработување

Имањето слобода сами да си го прават распоредот, ја буди креативноста кај емпатите. Емоционалната слобода е од клучно значење за нивниот вистински потенцијал. Самовработените емпати најмногу успеваат како:

  • Писатели
  • Уредници
  • Медицински професионалци
  • Уметници
  • Графички дизајнери
  • Визуелни асистенти
  • Сметководители
  • Адвокати
  • Електричари
  • Водоводџии
  • Агенти за недвижности
  • Бизнис советници
2. Професии на отворено

Работното место кое ќе бара од вас да бидете на отворено е исто така добар избор, бидејќи емпатите ја сакаат природата. Ако сакате нешто вакво, би можеле да бидете:

  • Дизајнер на градини
  • Шумски чувар
  • Ботаничар
  • Работник во областа на хортикултурата
3. Професии за помош

Овие професии ја задоволуваат потребата на емпатите да им помагаат на другите. Тие се природни исцелители, па ваквата професија ќе им помогне да го откријат својот вистински потенцијал. Во овие професии спаѓаат:

  • Лекари со енергија
  • Доктори
  • Медицински сестри
  • Терапевти
  • Социјални работници
  • Наставници
  • Животни инструктори
  • Волонтери во здруженија за спасување животни
  • Волонтери во непрофитни организации

Без разлика на изборот на професија, важно е за емпатите да бидат во средина која нема да им ја троши целата енергија. Важно е да одвојуваат време за „чистење“ на мислите, медитација, релаксирање и полнење на батериите. Тие би требало да избегнуваат професии како пожарникари или полицајци поради психолошкиот, физичкиот и емоционалниот ризик. Оваа работна средина е премногу стресна за нив. Исто така, тие не би се чувствувале добро во светот на политиката или односите со јавноста бидејќи не можат да бидат со многу луѓе.

Заклучок

Емпатите не би успеале во големи корпорации бидејќи не можат да го прифатат фактот дека на такво место не се ценат потребите и мислењата на секој работник. Иако би биле добри во која било работа, важно е да пронајдат нешто кое ќе ги стимулира нивните вештини, таленти и карактер без да им ја цеди енергијата.

Погледнете и како да бидете посреќни на работното место.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар