25 работи од кои треба да се ослободите до следниот роденден

Доколку мислите дека вие не сте она што треба да бидете, тогаш погледнете како може да се промените, применувајќи некои од следниве предлози. Значи, пред да дојде следниот роденден, потрудете се да заборавите на…

Пред да го прославите следниот роденден, ослободете се од...

1. Сѐ што не ве прави подобри и посреќни

Родени сме за да го изнесеме најдоброто од себе. Сѐ што не оди во прилог на личниот напредок треба да се напушти.

2. Проблемите на другите

Да, пријателите се тука за да си помагаат, но понекогаш секој треба првин себе да си помогне. Обземањето со проблемите на другите и чувството дека тие веќе владеат со вашиот живот е тажно и нездраво.

3. Што другите мислат за вас

Всушност другите и немаат време да мислат на вас толку како што вие си замислувате дека тоа го прават. Затоа, опуштете се.

4. Идеалната телесна тежина

Медиумите играат огромна улога во формирањето на стандардите и перцепцијата за тоа како треба да изгледа совршеното тело, правејќи ве да се чувствувате уште полошо. Трудете се колку што можете, но немојте опсесивно да се трудите да го смените она што природата ви го дала.

5. Избегнувањето на проблемите

Избегнувањето на проблемите не води кон решение, не ја подобрува ситуацијата и само прави да се чувствувате уште понемоќно.

Пред да го прославите следниот роденден, ослободете се од...

6. Жалење за минатото

Жалењето за минатото е како отров. Можевте да постапите поинаку, но тоа е животот.

7. Непродуктивните и мрзливи денови

Одвреме-навреме, малку мрзливост и излежување не е на одмет. Но, кога тоа ќе постане навика, влегувате во начин на живот од кој потоа е тешко да се одвикнете.

8. Сите мали несигурности

Запомнете: самите на себе сме си најголемите критичари.

9. Неправдата на животот

Некои уште како деца учат дека секогаш ќе има некој што ќе е подобар и поуспешен од нив. Помирете се со тоа.

10. Преголемите амбиции

Убаво е да се имаат сништа и амбиции, но не одете предалеку.

Пред да го прославите следниот роденден, ослободете се од...

11. Верувањето дека сѐ ќе си дојде во свое време

Супер ако верувате во судбина, но тоа не е оправдување за да не преземете ништо за постигнување на некаква промена. Ако сакате нешто, потрудете се. Не чекајте.

12. Губењето време

Одложувањето на обврските за наредниот ден не ги подобрува работите, туку само го зголемува стресот.

13. Обвинувањето за сопствените грешки

Можеби сте ја донеле погрешната одлука, но наместо постојано да се тревожите околу тоа потрудете се во иднина да размислувате попаметно.

14. Заборавете на стресот

Ништо полошо од живеење со она што ви причинува стрес. Време е малку да заборавите на таквите чувства.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар