25 работи кои треба да се обидете да ги направите сами

Многу работи се поинтересни додека ги правите и ги споделувате со луѓето околу вас, а исто така повеќето работи не би имале смисла доколку не се доживеат заедно со најблиските. Но, покрај тоа, постојат и некои работи во кои треба да уживате самите, со цел да пронајдете поголемо задоволство и да научите уште некои работи за себе. Па, погледнете во кои активности барем за момент би требало да ги исклучите другите и целосно да се препуштите на уживањето сами со себе.

25 работи кои треба да се обидете да ги направите самите

1. Јадете со рацете. Наполнете ги рацете со храна и ставајте ја во вашата уста, при што дополнителна утеха ќе ви биде тоа дека ќе немате садови за миење.

2. Спијте со вашиот лаптоп. Гледајте нешто на лаптопот или едноставно слушајте музика сѐ додека не заспиете, па ќе видите како изгледа да го делите креветот со електронски уред.

3. Гответе необични јадења. Ако готвите некои невообичаени и сложени јадења и ако нешто на крај не ви излезе добро, само вие ќе знаете колку сте погрешиле, па потоа брзо ќе најдете некоја замена.

4. Правете добри дела, без притоа да го покажете тоа на Фејсбук. Ако сакате да направите нешто добро, направете го тоа од срце, а не само за да се фалите на социјалните мрежи и за да собирате лајкови.

5. Одете во кино. Наместо да отидете во кино со некој кој ќе ви поставува илјадници прашања додека трае филмот, решете се да одите сами и да уживате во тоа.

6. Ноќно возење. Пуштете си тивка музика во автомобилот и уживајте во возењето сами. Исто така можете и да ја исклучите музиката, па да го слушате звукот што настанува по патот.

7. Демнете некој на социјалните мрежи. Посетете го профилот на некој кој не го знаете, некој кој го знаете, некој кој го гледате секојдневно или пак некој кој го немате видено со години.

8. Вежбајте некои невообичаени работи што ви е срам да ги правите пред другите. Па, откако ќе совладате одредена вештина, тогаш истата гордо покажете им ја на вашите пријатели.

9. Јадете голи. Излезете од зоната на удобност и јадете барем еден оброк додека сте голи.

10. Зборувајте со растенијата. Може нема да ви одговорат, но во некои случаи ќе се чувствувате подобро.

11. Опијанете се сами. Испијте некоја чаша повеќе алкохол, останете сами во затворен простор и истражувајте ги бескрајните можности кои ви се нудат.

12. Пуштете си музика и чистете. Направете ги вашите обврски помалку досадни така што ќе пуштите гласна музика и ќе започнете со чистење, а со тоа ќе го направите овој процес помалку застрашувачки.

25 работи кои треба да се обидете да ги направите самите

13. Испробувајте нови рецепти. Одберете состојки кои ви се допаѓаат и започнете со експериментирање во кујната. Можеби ќе измислите некој невообичаен и прекрасен рецепт кој останатите околу вас ќе го обожаваат.

14. Гледајте премногу серии. Всушност, гледањето серии секогаш е подобро да го правите сами, за да не се чувствувате должни секогаш да ја чекате другата личност за да ја гледате новата епизода. Така, кога ќе сакате да започнете со гледање на новата сезона, не мора да чекате додека другите имаат време, туку овде ќе одлучите самите вие.

15. Танцувајте. Танцувајте како никој да не ве гледа. Правете невообичаени движења без притоа да се срамите од тоа и да мислите дека некој може да ви се смее.

16. Прескокнете го дневното туширање. Ако се чувствувате премногу изморени, прескокнете го дневното туширање, па така ќе му обезбедите поголем мир на вашиот ум.

17. Консумирајте каков било вид нездрава храна. Земете чипс, пица, сладолед, колачиња или друг вид храна која ја сакате, па барем еднаш целосно препуштете се во нивно уживање.

18. Заминете на купување. Отидете сами на шопинг, без разлика дали ќе купувате облека или пак храна. Така, не ќе морате да ги следите и туѓите желби и интереси или да давате совети тогаш кога не сте расположени.

19. Плачете. Ако чувствувате дека ви надоаѓаат емоциите, пуштете си музика и плачете сѐ додека не почувствувате олеснување. Никој нема да знае, а вие ќе бидете како нова личност.

20. Искористете го дождот. Ако надвор врне, излезете на прошетка или пак едноставно седнете до прозорецот и слушајте го неговиот звук. Уживајте во она што ви го нуди мајката природа.

21. Гледајте филмови кои имаат премногу секс-сцени, а кои одамна сте сакале да ги гледате. Не мора да се чувствувате непријатно додека гледате вакви филмови со други личности, затоа што истото можете да го направите и самите во свое сопствено друштво.

22. Приближете им се на оние кои ве привлекуваат. Поголем притисок можете да имате доколку се решите да му пријдете некому и притоа бидете одбиени, а истото е забележано од другите. Затоа, решете се овој чекор да го направите самите, па и да бидете одбиени, нема да загубите голем дел од самодовербата.

23. Патувајте. Дури тоа и да не е некаде далеку или пак за некој подолг период, патувањето ќе ви помогне да си ги наполните батериите. Погледнете го својот буџет и изберете ја дестинацијата која ви одговара.

24. Посетете некој настан. Без разлика дали е тоа концерт, спортски натпревар, театарска претстава или промоција на книга, секогаш е подобро кога ќе слушнете нешто ново и ќе го продлабочите вашето знаење.

25. Живејте сами. Решете се да го направите овој чекор и ќе видите дека живеењето сами може многу да ве научи за животот.

25 работи кои треба да се обидете да ги направите самите

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар