25 работи кои ги научивме после 20-тата година од животот

Различните животни ситуации и искуства нè учат на различни нешта, но постојат некои работи за коишто сите можеме да се согласиме дека ги научивме попат.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

1. Лошите момци колку и да се привлечни, на крајот од денот секогаш остануваат лоши момци. Истото важи и за девојките. Не можеме да очекуваме да бидеме со човек којшто не ни одговара и да се надеваме дека ќе го промениме во подобра личност или во личност каква што ние сакаме да биде. Кратките моменти на нежности, возбуда, па можеби дури и љубов, секогаш брзо завршуваат, а ние остануваме со скршено срце и празна надеж. За жал, факт е дека некои луѓе ги користат тие моменти на слабост за да го добијат она што го сакаат и да продолжат понатаму на наредната „жртва“. Во 20-тите години од нашиот живот, ова е нешто што веќе треба да го очекуваме од другите.

2. Лошите гласини дека метаболизмот се забавува како што старееме се навистина точни, колку и да ги игнорираме. Навиките да јадеме што сакаме и кога сакаме во комбинација со уште пострашните навики како цигарите и алкохолот ги покажуваат првите лоши ефекти врз нашето тело токму во овие години. Но, за среќа, мали промени во животниот стил можат да донесат големи резулати. Неколку минути плус вежбање, минус второто парче торта и облеката веќе стои подобро!

3. Како што навлегуваме во 20-тите се чини дека е сè потешко да останеме во контакт со сите пријатели и факт е дека многу од тие пријателства можеме да ги изгубиме. Овие години се период на промени, кога се оформуваме целосно како личности, кога сме на почетокот на нашата кариера, кога сфаќаме кои се нашите приоритети и што цениме кај останатите, па изгубените контакти не треба да нè изненадат. Најважно, на крајот остануваат само оние коишто навистина вредат.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

4. Љубоморни сте на работното место на вашата пријателка? На платата на вашиот најдобар другар? Не сте единствени. Сите ги чувствуваме поразите и подемите во овие години и нормално дека се споредуваме со луѓето во нашите животи. Она што е важно е таа љубомора да ја канализираме во нешто продуктивно и да го оствариме успехот кој го посакуваме.

5. Одлуките кои ги носиме сега се одразуваат на целиот наш живот и токму поради тоа постојано се преиспитуваме. Но, никогаш не можеме да знаеме дека е донесена правилната одлука, токму поради тоа треба да бидеме свесни дека имаме само „сега“ и „овде“ и да се потрудиме да направиме таа одлука да е вистинската.

6. Иако веќе возрасни, сè уште сме млади и наивни. Нашето срце можеби ќе заврши во погрешни раце и најверојатно ќе бидеме повредени. Но, 20-тите нè прават и похрабри, па многу полесно ќе си го побараме назад и никогаш повеќе нема да се вратиме на тие личности.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

7. Нашите родители стареат. Отсекогаш го знаевме тоа, но дури сега вистински го сфаќаме. Единствено што можеме да направиме е да поминуваме повеќе време со нив и да споделуваме заеднички моменти.

8. Секогаш ќе има некој надреден кој ќе прави да се чувствувате целосно бескорисни. Кога и да ве натера да помислите дека не вредите ни малку, потсетете се дека воопшто не ве познава кои сте вие навистина, а и на тоа дека најверојатно за кратко време ќе бидете на неговата/нејзината позиција. :)

9. Журките, ноќниот живот, експериментирањето, сето тоа е забавно до моментот кога веќе не е и почнува да влијае врз вашиот живот. Не дозволувајте неодговорното однесување да ве уништи!

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

10. Некогаш и некаде, ќе се изглупирате во јавност. Само побрзо заборавете на тој момент и гледајте да не се повтори пак.

11. Целиот неделен буџет го потрошивте во понеделник? Ни тука не сте сами. Ако некој знае како да преживее со малку пари цела недела тоа се дефинитивно студентите, па и сите оние кои живеат со ограничен буџет, а нè има многу. За среќа, и тука има животна лекција која нè учи како да се снајдеме кога не можеме многу да си дозволиме.

12. Да научиме да се сакаме такви какви што сме е тешко. Но, да се мразиме себеси е уште потешко. Сите правиме грешки и треба да научиме како да си простиме за нив.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

13. Ноќен клуб и неколку чаши алкохол се вистинскиот рецепт вечерта да завршите со личност која никогаш не би ја погледнале. И најверојатно утредента нема да сакате да ја извадите главата од под перница, но кога-тогаш ќе мора да станете и да продолжите понатаму, со една личност повеќе на списокот која нема да сакате да ја видите никогаш повторно.

14. Сите имаме личности во нашите животи коишто се едноставно токсични. Секогаш тука кога им требате, никогаш кога ви требаат. Таквите луѓе навистина не го заслужуваат нашето внимание.

15. А има и такви кои што еднаш ќе нè допрат и засекогаш нè освојуваат. Добро познатата хемија, страста и магичните моменти со таа посебна личност ги носиме со нас цел живот и токму поради нив 20-тите години ни се така незаборавен период.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

16. Велат првата љубов не се заборава и навистина е така. Можеби нема повеќе место во нашето срце за бившиот/бившата, но засекогаш ќе ни останат позитивните спомени за нив. И тоа е во ред и е човечно. Врските и времето поминато заедно не се бришат со раскинувањето, сепак се тоа личности кои некогаш сме ги сакале.

17. Сите велат дека треба да учиме од грешките, но животот упорно нè потсетува дека тоа и не е баш толку лесно. Пак и пак се враќаме на истото место каде што последен пат си ветивме дека никогаш повторно нема да се вратиме. Ги предаваме сопствените принципи, ги повредуваме луѓето околу нас, даваме лажни ветувања и сè тоа во круг. Во ред, никој не е совршен. Добрата вест е тоа што како што поминуваат годините сè поретко ги повторуваме истите грешки. Барем така велат.

18. Ги гледате сликите од 20-тиот роденден и се прашувате што сте мислеле? А оние од 21-иот? Ретко кој има доволно стил и пари за да изгледа совршено во овие години кога не сме ни тинејџери ниту возрасни. За среќа, кон крајот на 20-тите веќе знаеме кои сме и како сакаме да изгледаме.

19. Сфаќаме дека интернетот може да биде навистина сурово место (особено после оние слики од Нова година кои дефинитивно не требаше да се најдат на Фејсбук) но знаете… www.bashmiegajle.mk.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

20. Многу нешта во кои верувавме, многу нешта за кои што сметавме дека се важни, со текот на времето сфаќаме дека ни оддалеку не се толку вредни за нас колку што им придававме важност. Луѓето се склони кон тоа нивните мислења и вредности да ги наметнуваат на другите, особено нашите родители, но брзо сфаќаме дека нивните мислења не мора да бидат и наши.

21.Толку сме фокусирани на стравот некој да не нè повреди што ретко размислуваме за тоа дали ние повредуваме некого. А всушност е неизбежно, секогаш ќе има пријател или љубовник којшто свесно или несвесно ќе го повредиме. Важно е тоа да го признаеме и да се извиниме.

22. Исполнувањето на нашите обврски е дел од возрасниот свет и одговорното однесување, но тоа не нè прави мудри. Многу луѓе функционираат одлично, градат семејство, работат, навремено плаќаат сметки, но на крајот на денот сè уште чекорат низ својот живот целосно несвесни кои се и што се.

25 работи кои ги научиве после 20-тата година од животот.

23. Не можеме да се натераме да засакаме некого. Ако нема хемија уште на почетокот, едноставно залудно е.

24. Треба да бидеме благодарни за сè она што го имаме. Завртете се околу вас и размислете за сето она што го поседувате, за сето она што го имате достигнато досега и за луѓето кои ви значат.

25. Уживајте во младоста, во љубовта и во саканата личност. Сексот во 20-тите години од нашиот живот, со човек кој ни значи, е незаборавно искуство.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Иви Reply

    Е ај да видам што сум научила за овие (денешни) 25 години… таман денес ги полнам… :)

    • Кафе пауза Reply

      Среќен роденден! :)

  2. Иви Reply

    Ви благодарам!

    Повелете на Торта Пауза! :)

  3. Лазар Reply

    Добра статија

Остави коментар